• Должина во правец: 10 км
  • Тежина: 7/10
  • Време на искачување: 5 часа
  • Искачување со деца: 5,5 часа
  • Висинска разлика: 1.500 м
  • Почетна точка:

    с. Конопиште

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Конопиште – село во Општина Кавадарци, во областа Бошава, во околината на градот Кавадарци. До 2004 година, Конопиште претставувал административно седиште на истоимената општина, која ги опфаќала селата во областа Бошава. Конопиште некогаш го носело името Врбница. Тековното име најверојатно го добило по дивиот коноп којшто расте во изобилство во овој крај. Селото се наоѓа во јужниот дел од Општина Кавадарци, во горното сливно подрачје на реката Бошава, на регионалниот пат од Демир Капија за Мариово, а чиј атар се издига високо и се допира со државната гранична линија со Грција (северниот дел на Меглен). Селото е ридско, на надморска височина од 660 метри. Од градот Кавадарци е оддалечено 27 километри.

Археолошки наоѓалишта:
Боздувник — населба од доцноантичко време
Градиште — градиште од доцноантичко време
Кула – Градот — градиште од доцноантичко време
Ливадите — населба од доцноантичко време
Равна Нива — населба-збег од доцноантичко време
Св. Илија – Марковица — црква и некропола од старохристијанско време

Цркви:
Црква „Св. Стефан“ — главна селска црква; и
Црква „Св. Атанасиј“ — гробјанска црква.

Споменици:
Споменик на НОБ

Природни реткости:
Кањите — геолошко наоѓалиште со природни карпести столбови во висина од 20-тина метри

Реки:
Бошава

Камените столбови се скриени во карпестите ридови на планината Кожуф, јужно од Кавадарци, кај селото Конопиште, во таканаречната „Долина на љубовта“. Камените столбови се само 20, високи над 20 метри и постојат на овој регион многу векови. Овие геоморфолошки убавини се наречени од локалното население Кањите или Цуцки. Заштитени се како споменик на природата. За да се приближите до оваа локација, прво треба да ја поминете реката Бошавица. Откако ќе ја поминете оваа река, кога ќе влезете во сосема нов свет. Целиот терен е полн со дрвја и грмушки. Постои легедна дека камените столбови отсекогаш им помагале на оние кои не биле способни да имаат деца. Легендата вели дека секој што не е способен да има деца мора да изгребе парче од столбовите, да го стави во млеко, да додаде малку мед и да го испие.

Извор: Wikipedia

Тура

(во подготовка)

с. Конопиште – Извор Лукар (8 км) Off-road 4×4
с. Извор Лукар – врв Дудица (10 км)
врв Дудица – Одмаралиште Михајлово (16 км)

  • наведените опции се вклучени во GPS линкот