Серменин – село во Општина Гевгелија, во областа Влахомеглен, во околината на градот Гевгелија.
Населбата се наоѓа во областа Влахомеглен, во западниот дел на територијата на Општина Гевгелија. Селото е сместено во југоисточната падина на планината Кожуф, чиј атар на тесен дел се допира со подрачјето на Општина Кавадарци. Селото е планинско, сместено на надморска височина од 540 метри. Од градот Гевгелија е оддалечено 20 километри.
Атарот е мошне голем и зафаќа површина од 71,9 км2. На него преовладуваат шумите со површина од 5.895 хектари, а на обработливото земјиште отпаѓаат 302 хектари.
До селото води асфалтен пат преку селото Негорци, кој не е во целост довршен. Во североисточниот дел на атарот, близу границата со Кованец се наоѓало некогашното село Брлево.
Во XIX век, Серменин било христијанско влашко село во рамките на Гевгелиската каза на Отоманското Царство. Селото било тешко оштетено при Валандовскиот земјотрес во 1931 година.
Водопад Скокот
Водопадот Скокот (Вера) е лоциран во атарот на селото Серменин на планината Кожуф на Серменинска река (Белица) на 550 метри надморска висина. Водопадот е висок 3,5 метри и патеката како и локацијата околу истиот е од неодамна уредена за посета.
Извор: Wikipedia
Тура
(во подготовка)
Планинарски патеки во близина:
Велосипедски патеки во близина: