• Должина во правец: 9,5 км
  • Тежина: 7/10
  • Време на искачување: 4 часа
  • Искачување со деца: 5 часа
  • Висинска разлика: 800 м
  • Почетна точка:

    с. Герман

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Герман – село во Општина Ранковце, во близина на македонско-српската граница, во околината на градот Крива Паланка. Селото е сместено на западните падини на истоимената планина. Герман е планинско село, сместено во крајниот северен дел на Општина Ранковце, чиј атар се граничи со државната граница на Република Србија, а на другата страна со Општина Старо Нагоричане. Како едно од најсеверните села во Паланечко и воопшто во Македонија, селото Герман географски припаѓа на двете соседни области при што едниот дел припаѓа на Кривопаланечко односно котлината Славиште во долината на Крива Река, а другиот дел по на север припаѓа на подрачјето на изворишниот дел на Горна Пчиња. Оддалечено е 37 километри северозападно од Крива Паланка. Според записите на Ѓорче Петров, местоположбата на големото село Герман е по длабокиот дол меѓу Гоглин и паланечкиот Козјак, на исток од селото Дренак.

Населбата потекнува од доцно античко време од кој период се и наоѓалиштата: Селиште, Манастириште, Градиште итн. Најрани пишани докази за постоење на селото Герман, се среќаваат на почетокот на XVI век, кога селото вршело дервенџиска служба односно неговите жители се грижеле за безбедноста на сообраќајот на патиштата. Денешното село Герман се верува дека потекнува од крајот на XVII и почетокот на XVIII век кога според верувањата на самите мештани, селото било создадено со доселеници од Косово. Во времето на доселувањето на првите родови – основачи на денешното село Герман во XVIII век, ова место било под шума – „било пустињак“. За време на турскиот период, селото го достигнува својот врв со свое училиште и неколку илјади жители. Сепак, по Втората светска војна и спроведувањето на колонизација, голем број на жители отишле во Војводина, кога самото село било значително намалено.

Цркви:
Црква „Св. Троица“ — главна селска црква (подигната во 1930-те)

Археолошки наоѓалишта:
Градиште — градиште од доцноантичкото време;
Манастириште — градиште од доцноантичкото време;
Русалиски Гробишта — средновековна некропола;
Селиште — населба од доцноантичкото време;
Црквиште — средновековна црква.

Тура

(во подготовка)

с. Герман – врв Модра Глава (2,5 км)
врв Модра Глава – водопад Длабочица (7 км)

  • наведените опции се вклучени во GPS линкот