• Должина во правец: 73 км
  • Тежина: 9/10
  • Време на искачување: 6 часа
  • Искачување со деца: / часа
  • Висинска разлика: 570 м
  • Почетна точка:

    Скопје

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Прохор Пчински – манастир од духовно и историско значење, кој денес се наоѓа во општина Бујановац, Република Србија.

Тој е значаен за историјата на македонскиот народ поради тоа што во него се одржало првото заседание на АСНОМ и како дел од Вардарска Македонија што ѝ припаднал на СР Србија со формирањето на втората Југославија.

Извор: Wikipedia

Тура

Оваа тура ја започнуваме од с. Младо Нагоричане од каде кратиме значителен дел од патеката (- 45 км) и ја избегнуваме гужвата околу Скопје / Куманово. Од самиот почеток од с. Младо Нагоричане започнува прекрасно природно опкружување и идеален асфалт за нашите ROAD точачиња – летаме по асфалтот и се насладуваме на природата. Го одминуваме с. Старо Нагоричане и се доближуваме до с. Челопек и реката Пчиња. Кај Челопек застануваме да ја одмериме Пчиња – тука Пчиња е бистра и магична.

Кога истражувавме за оваа тура, наидовме на еден многу важен податок: целата долина на реката Пчиња во соседна Србија е заштитено подрачје од Категорија 2 поради посебноста на флората и фауната. Да се надеваме дека нашите екологисти ќе се изборат долината на реката Пчиња да се заштити и во нашата држава во многу блиска иднина. За жал, значителното загадување на Пчиња започнува по вливот на реката Кумановка во околината на Куманово и при крајот на преубавата Бислимска Клисура, Пчиња се влева во Вардар – предел кој според своите карактеристика и природни убавини дефинитивно заслужува да биде ЗАШТИТЕН.

Го одминуваме Пелинце и навлегуваме во долината помеѓу планините Козјак (Козјачија) и Руен каде над нас се издигнува врвот Китка. Пристигнуваме на граничен премин и по кратките царински формалности продолжуваме кон Манастирот Прохор Пчински. Оваа тура може да ја карактеризираме како една од поубавите ROAD тури во Македонија, со прекрасна природа и клисури, осамени патишта и магичен финиш – Манастирот Прохор Пчински, место вредно за посета од културен и историски аспект.