Петралица – село во Општина Ранковце, сместено во областа Славиште, во околината на градот Крива Паланка. Селото се наоѓа во источниот дел на Општина Ранковце, сместено од десната страна на Крива Река. Се наоѓа во непосредна близина на самиот коридор 8, по кој поминува магистралниот пат од Скопје и Куманово кон Крива Паланка до граничниот премин Деве Баир на македонско-бугарската граница. Оддалечено е 23,5 километри од Крива Паланка и 9,5 километри од општинскио центар Ранковце.
Претставува рамничарско-ридско село со урбанизирана населба покрај самиот магистрален пат и маал од растурен тип во повисоките делови. Воедно, како дел од Петралица се смета и селото Баратлија, иако постои како засебна целина.
Од општинското средиште Ранковце е оддалечено пет километри и има добри врски со другите околни населени места, а во самото село постои автобуска станица. Атарот на селото се простира на 44,2 км2 и со тоа е најголемо село по површина во општината.
Цркви:
Црква „Св. Ѓорѓи“ — главната селска црква, прогласена за културно наследство на Македонија
Црква „Св. Троица“ — манастирска црква; се наоѓа на месноста Кутлев Крст. Камен темелник осветен на 24 јуни 2014, а на 31 мај 2015 комплетно осветена. Во тек се изградба и на конаци;
Археолошки наоѓалишта:
Бошановце — могила од римското време;
Градиште — градиште од доцноантичкото време;
Градиште I и II — градиште од доцноантичкото време;
Градиште III — градиште од доцноантичкото време;
Дубрава — населба од доцноантичкото време;
Китка — некропола од доцноантичкото време;
Кутлев Крст – Тумба — населба и некропола од доцноантичкото време;
Паратлија — средновековна некропола;
Селиште — населба од доцноантичкото време и средновековна некропола.
Извор: Wikipedia
Тура
(во подготовка)
Планинарски патеки во близина:
Велосипедски патеки во близина: