Луке – село во областа Славиште, во Општина Крива Паланка, во околината на градот Крива Паланка.
Селото се наоѓа во областа Славиште, во крајниот северен дел на територијата на Општина Крива Паланка, чиј атар се допира со државната гранична линија со Србија. Селото е планинско и раштркано, чии маала се наоѓаат на надморска височина од 940 до 1.114 метри. Од градот Крива Паланка е оддалечено 17 километри. Селото се наоѓа во долината на Лучка Река. Околни села се Подржи Коњ, Крстов Дол и Голема Црцорија.
Селото било основано на почетокот на XIX век од страна на тројца браќа доселени од селото Луково, во близината на Врање. Се верува дека ова е првото населено место во овој дел на Крива Паланка. Во XIX век, Луке било село во Кривопаланечка каза на Отоманското Царство.
Во атарот на селото се наоѓа пределот Чупино Брдо, што претставува тромеѓе помеѓу селата Луке, Подржи Коњ и Сурлица. Таму се случиле две големи битки. Првата биле меѓу српската и бугарската војска во 1913 година за време на Балканските војни, а втората помеѓу народноослободителните единици и бугарската војска во 1943 година за време на бугарската окупација на Македонија. Таму сега се наоѓа споменик за паднатите борци од НОБ.
Извор: Wikipedia
Тура
(во подготовка)
Планинарски патеки во близина:
Велосипедски патеки во близина:
с. Луке – врв Чупино Брдо (7 км)
врв Чупино Брдо – врв Аниште (Дукат Планина) – (6,5 км)
- наведените опции се вклучени во GPS линкот