• Должина во правец: 17,5 км
  • Тежина: 8/10
  • Време на искачување: 5,5 часа
  • Искачување со деца: 6,5 часа
  • Висинска разлика: 1.590 м
  • Почетна точка:

    Манастир Св. Јоаким Осоговски

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Свети Јоаким Осоговски или Осоговски манастир – манастир на околу 3 км североисточно од Крива Паланка, во прегратките на дабовата шума на Осоговските Планини, посветен е на пустиножителот и чудотворец св. Јоаким Осоговски.

Основан е уште во XII век, познат и по името Сарандапор. Токму во овие предели кон крајот на XI и почетокот на XII век живеел испосникот св. Јоаким Осоговски. Тогаш во овие краишта се подвизувале и прочуените св. Јован Рилски, св. Прохор Пчински и св. Гаврил Лесновски.

Во непосредна близина на Крива Паланка (2 км од центарот) се наоѓа познатиот македонски манастир Свети Јоаким Осоговски, кој е стар 1003 години и е позната и доста посетена туристичка атркација. На 28 август секоја година во манастирот се одржува традиционалната прослава на верскиот празник Света Богородица на која доаѓаат и повеќе од 20000 луѓе од градот, околината и други градови од државата.

Историјата на манастирот Св. Јоаким Осоговски започнува со доаѓањето на светителот во областа на Осоговието и неговата света мисија на подвизување. Едно од кривопаланечките најавтентични преданија, кое во колективната меморија е присутно повеќе од девет века, знае за присуството на Норманите, кои на почетокот на осумдесеттите години на XI век навлегле во Македонија. Од тие војски св. Јоаким Осоговски бил вознемирен на своето подвизување во село Градец. Тоа било причина да избере ново место за подвизување. За таа цел ја избрал пештерата во месноста Бабин Дол, во непосредна близина на денешната локација на манастирот Св. Јоаким Осоговски. Иако нема пишани документи за црковното наследство и организација во Кривопаланечко за периодот пред доаѓањето на св. Јоаким бројните археолошки наоѓалишта во кои повеќе од петнаесет се спомнуваат под името црквишта и манастиришта одат во прилог на претпоставката дека св. Јоаким дошол во средина со развиен црковно – духовен живот.

Извор: Wikipedia

Тура

(во подготовка)