Градешница
Градешница — едно од најпознатите села во Мариово, во составот на Општина Новаци, во околината на градот Битола. Познато е како родно место на ликот Итар Пејо од народните приказни. Градешница се наоѓа во крајниот источен дел на Општина Новаци (до 2004 под Општина Старавина). Селскиот атар на едната страна се допира до подрачјето на Општина Прилеп, а на другата страна со државната граница со Грција. Градешница е ридско село и лежи на надморска височина од 800 метри. Градешница своето име го добила по тоа што порано во однос на другите мариовски села била најнапредна и личела на град. Во селото има седум цркви, од која најголема е црквата “Св. Никола” која е изградена во 1862 година, но била урната и возобновена во 1918 година.
Градешка Река
Градешка Река (Градешничка Река) – река во јужниот дел на Македонија во областа Мариово, десна притока на Црна Река. Извира на планината Козјак на надморска височина од 1.600 м. Нејзина главна десна притока е реката Сатока. Во минатото на оваа река работеле голем број воденици. Градешка Река извира на планината Козјак на надморска височина од 1.600 м, а во Црна се влива под Чебрен кај кота од 410 м. Долга е 26 км, во изворишниот дел е позната под името Ковачица, потоа како Карлебашка Река, а по с. Старавина како Старавинска Река. Нејзина главна десна притока е реката Сатока. Од Старавина, па до вливот во Црна има кањонска долина. Сливот зафаќа површина од 116 км2 и има релативен пад од 45,8 ‰
Темнички & Долноомалски вир
Темничкиот вир е тој дар од природата, кој ги носи сите овие многубројни епитети. Откако ќе влезете во селото Градешница, од вашата лева страна, после мостот, се наоѓа најпрвин ,,Долноомалскиот вир‘‘, а погоре, во непосредна близина на црквата ,,Св. Спас‘‘, се наоѓа и ,,Темничкиот вир‘‘. Истите се образувани од Градешка река, која извира на планината Козјак на 1600 м.н.в, а се влева во Црна река. Студенилото, бистрината и сјајот ја прават оваа река посебна и навистина ретка природна убавина.
Темнички вир е омилено место за разладување на локалното население, но и на големиот број посетители во летниот период. Иако реката е доста студена, сепак голем број од посетителите ја користат за капење и уживање во живописната природа. Поради тоа што, нејзиното течение нема никаков вештачки фактор кој би ја загадил, населението реката ја користи и за пиење. Покрај него, од особено значење и посебен интерес е Долномаалскиот вир, исто така омилено место за разладување и рекреација. Претставува вир или капалиште, создаден од студената и бистра Градешка река, одличен за одмор на целото семејство.
Автор: Александар Величков
https://www.facebook.com/groups/patuvanjanizmakedonija
Планинарски патеки во близина:
Велосипедски патеки во близина:
Црква „Св. Никола“ – главната селска црква;
Црква „Св. Димитриј“ – се наоѓа на влезот од селото. Се смета дека е од XVI век;
Црква „Св. Илија“ — манастирска црква;
Црква „Св. Атанасиј“ — манастирска црква;
Црква „Вознесение Христово“ – мала црква во близина на селото;
Црква „Св. Кузман и Дамјан“ – мала црква во близина на селото;
Црква „Св. Спас“ – мала црква во близина на селото;