• Должина во правец: 12 км
  • Тежина: 7/10
  • Време на искачување: 4,5 часа
  • Искачување со деца: 5 часа
  • Висинска разлика: 1.150 м
  • Почетна точка:

    Св. Пантелејмон – с. Полчиште

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Полчиште – село во Општина Прилеп, во областа Мариово. Селото Полчиште се наоѓа во прилепскиот дел на областа Мариово, во јужниот дел на Општина Прилеп. Поточно, Полчиште се наоѓа во ридско-планинскиот дел на Големо или Старо Мариово од десната страна на Црна Река, во подножјето на планината Козјак. Полчиште е планинско село до расположено на надморска височина од 910 метри. Сместено е во долот на Полчишка Река, лева притока на Бутурица, помеѓу височините Скрка со врвот Панделе (1344 м.н.в.) од југозапад, Гарван (1265 м.н.в.) од југоисток и познатиот превој Трибор (1442 м.н.в) на исток. Недалеку во источен правец од Полчиште се и највисоките врвови на планината Козјак, Балтова Чука (1822 м.н.в.) и Перун (1703 м.н.в.). Според ваквата местоположба селото Полчиште се наоѓа токму во средината помеѓу мариовските села Бешиште веднаш на запад, Градешница и Старавина на југ, Витолиште на север и раселеното село Мелница кај познатиот манастир „Св. Илија“ на северозапад.

Полчишки манастир – македонски православен манастирски комплекс кој се наоѓа во мариовското село Полчиште. Манастирот се наоѓа југозападно од селото, оддалечен околу 1,5 километар во местото односно на самиот врв на гребенот (ридот) Скрка во Мариово. Местоположбата на манастирот е специфична. Изграден е на врвот Панделе на надморска височина од 1344 метри. Св. Вмч. Пантелејмон во Мариово се нарекува со името Панделе, па затоа и местото на кое се наоѓа манастирот го добило името Панделе. До верскиот дом се стигнува по стрмен кривулест пат, каде доминира врвот, што овозможува глетка на цело Мариово како на дланка. Според усните преданија кај народот од овој крај, многупати се вели дека “Панделе е на високо и гледа сè”.

Извор: Wikipedia

Тура

(во подготовка)

врв Голем Козјак – врв Кравица (5,5 км)

  • двете опции се вклучени во GPS линкот