• Должина во правец: 9 км
  • Тежина: 7/10
  • Време на искачување: 3,5 часа
  • Искачување со деца: 4 часа
  • Висинска разлика: 820 м
  • Почетна точка:

    с. Витолиште

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Витолиште е сместено во подножјето под источната падина на планината Козјак, од десната страна на Црна Река во пределот познат како Старо Мариово. Веднаш југоисточно над селото се издигнува густа мешовита шума со особена застапеност на квалитетен црн бор, над која што се издгинува познатиот превој Трибор (1442 м.н.в.) преку кој води патот кон тиквешкиот дел на Мариово, како и највисоките врвови на планината Козјак — Балтова Чука (1822 м.н.в.), Перун (1703 м.н.в), Српјановец (1540 м.н.в) и Ковачевска Чука (1566 м.н.в.). Според ваквата местоположба селото Витолиште се наоѓа токму во средишната точка помеѓу мариовските села Полчиште веднаш на југ, Бешиште на југозапад, Манастир и Мелница со познатиот манастир „Св. Илија“ на запад, Живово и Врпско на север и Рожден, Мрежичко и Клиново на исток во тиквешкиот односно кавадаречки дел на Мариово. Поради ваквата местоположба од Витолиште водат повеќе земјени и шумски колски патишта во правец на сите овие села, кои најчесто се користат за шумарството. Селото е ридско и се наоѓа на надморска височина од 830 м.

Цркви:
Црква „Св. Илија“ — главна манастирска црква на Витолишкиот манастир која што се наоѓа во поранешното село на Стале Попов во с. Мелница
Црква „Св. Атанасиј“ — главна селска црква која што е веднаш на влезот од селото.
Црква „Св. Харалампиј“
Црква „Св. Петка“

Манастири:
Витолишки манастир (Мелнички манастир) — сместен на патот кон самото село

Споменици:
Спомен Костурницата на загинатите борци во НОВ
Споменикот на паднатите борци на Лигураса (меѓу кои и Манчу Матак)
Надгробната плоча на Војводата Толе Паша и неговиот син Велјан
Спомен плочата на родната куќа на писателот Стале Попов

Археолошки наоѓалишта:
Витолиште изобилува со археолошки наоѓалишта, кои сведочат за неговата исклучително долга историја почјнувајќи од неолитот:

Бојков Дол — населба од доцноантичко време
Влајкова Чешма — населба од римско време
Вртко Ливада — населба од доцноантичко време
Горе Река — населба од римско време
Гробишта Св. Илија — некропола од римско време
Ѓерек — населба од римско време
Заградничка Чука — утврдена населба од доцноантичко време
Задна Река – Грмајте — населба со некропола од доцноантичко време и некропола од средниот век
Каравашчина — населба од доцноантичко време
Ковачево — населба од доцноантичко време
Лачникот — некропола од римско време
Лигораса — населба од доцноантичко време
Моклиште — населба од римско време
Полените — населба од римско време
Пртева Ливада — населба од доцноантичко време
Св. Петка — населба од доцноантичко време и раниот среден век
Св. Харалампија — некропола од римско време
Сињак — населба од доцноантичко време
Царичина Нива — населба од неолитско и римско време
Црква Св. Атанас — осамен наод од римско време
Црквиште — населба од средниот век
Шупливец — населба од римско време

Извор: Wikipedia

Тура

(во подготовка)