Скакало е планинскиот врв на Шар Планина, во северозападниот дел на Република Македонија. Тој е составен дел на Шар Планина и неговата височина е 2.494 метри. Во неговото подножје се наоѓа ледничкото (ледничко) Скакаличко Езеро.
Скакаличко Езеро е едно од 27-те природни леднички (леднички) езера на Шар Планина. Сместено е на надморска височина од 2258 метри на самото подножје под врвот Скакало според кој се нарекува целиот околен предел и шарски гребен. Езерото има длабочина од околу 1.60 метри. Водата е проѕирна, бистра и беспрекорно чиста но доста студена. Дното на езерото е целосно составено од тиња и песок, па поради малата длабочина од далеку езерото изгледа и има бела боја заради што од местното албанско население се нарекува и Jezeri i Bardh (Бело Езеро). Веднаш над самото езеро има силен и студен извор, а од езерото истекува Скакаличка Река која е лева притока на Пена и се влева во нејзиното горно изворишно подрачје помеѓу пределите Бабасаница и Рафша над селото Бозовце.
Бозовачко Езеро (или Бозовачка Локва, Сорупа назив од мештаните според истоимениот цирк) — најмало ледничко езеро на Шар Планина, кое не се вбројувало во минатото ниту во 27. леднички езера на самиот масив, туку како дел од Шарските локви. Езерото се наоѓа северозападно од Бозовце на надморска височина од 2.107 метри. Истото се протега во насока југозапад-североисток. Сместено е во циркот Сорупа, според кој од месното население и се именува како Сорупа , додека имињата Бозовечко Езеро и Локва се дадени од научната и стручна јавност при проучувањата за студијата на националниот парк Шар Планина, и се непознати и не се користат од мештаните. Веднаш над самото езеро и цирк се издигнува врвот Залина висок 2495 м. До езерото Сорупа води патека која започнува од широкиот земјен пат од Бозовце во долината на Лешница, кој потоа кај Бозовечките бачила преминува во тесна пешачка патека која продолжува по падината кон северозапад.
Извор: Wikipedia
Тура
(во подготовка)
Планинарски патеки во близина:
Велосипедски патеки во близина:
с. Бозовце – Скакаличко езеро (8 км)
Скакаличко езеро – врв Скакало (0,5 км)
- наведените опции се вклучени во GPS линкот