Езерски Врв — планински врв на Шар Планина, во северозападниот дел на Македонија. Висок е 2.580 метри.Се наоѓа на главното било во почетниот дел на протегањето на главниот срт на Шар Планина, при што претставува шести врв, а често воопштено се смета како трет поглавен врв на Шар Планина од нејизното протегање од североисток по кое се протега и самата граница помеѓу Македонија и Косово чија линија минува на овој врв. Сместен е на гребенот наречен Езерско заедно со соседниот врв Езерска Чука на север-северо/исток, при што претсавува негова крајна точка/кота на југ-југозапад. Претставува карпест врв чија цела површина е покриена со сипар-камењар од големи кршени камења и карпи, од кои некои се многу климави и се клатат, поради што неговото искачување и стоење на него се доста тешки и опасни. Наречен е со името Езерски бидејќи од двете страни на неговите подножја се наоѓаат по две леднички езера и тоа Доброшките односно Горното и Долното Доброшко Езеро на македонската источна страна стран и убавото и длабоко Големо Јажинско Езеро и Мало Јажинско Езеро, додека и малку понастрана кон Езерска Чука се наоѓа и езерото Црн Вир на косовската западна страна. Езерски Врв претставува и јазолна точка од која на запад продолжува главното било и срт на Шар Планина со врвовите Чаушица, Пескови, Бистрица, додека веднаш од него кон југ се разгранува седлото Чаушички Срт кој го спојува со Доброшки Врв. Искачувањето на врвот води преку патека која од селото Јелошник се искачува на Доброшки Врв па од него преку Чаушички Срт стигнува до Езерски Врв.
Планинарски патеки во близина:
Велосипедски патеки во близина:
Езерски врв – Езерска Чука (+1 км)
- двете опции се вклучени во GPS линкот