• Должина во правец: 14 км
  • Тежина: 9/10
  • Време на искачување: 5 часа
  • Искачување со деца: 5,5 часа
  • Висинска разлика: 1.520 м
  • Почетна точка:

    с. Ново Село

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Трапезица – планински врв на Шар Планина, во северозападниот дел на Република Македонија. Тој е составен дел на Шар Планина и неговата височина е 2.599 метри. Се наоѓа во средишниот дел на Шар Планина и претставува точката во која се поврзуваат главниот шарпланински срт и разгранувањето на кое се наоѓаат највисоките шарски врвови Титов Врв (Шар), Мал Турчин, Бакардан и тризрачната круна со Плат, Среден Камен и Кривошија, односно токму тој го претставува јазолот кој го поврзува целиот шарпланински масив, издигнувајќи се над изворите и долините на Пена, Смрека и убавото ледничко Бело Езеро кое што се наоѓа веднаш под самиот врв од источна страна. Врвот Трпезница има многу интересен и забележителен изглед со долг и потсечен рамен врв, кој потсетува на трпеза, односно потполно има изглед како трапез. На западната страна врвот завршува со карпест предел над кој штрчат неколку карпести изданоци налик на порта, низ кои минува патеката на Западната Македонска Трансверзала, чиишто учесници редовно прават групни слики на „портата на Трпезница“. Патеката за искачување води од планинарски дом Смрека (1800 мнв) – движење по Вакфска патека – Извори на река Смрека- извори на река Пена – врв Џинибег (2610мнв) и врв Трпезница (2590мнв), при што таа е долга околу 30 км и се пешачи 10 -11 часа, со што спаѓа во категорија Средно тешка. Од врвот се пружа прекрасна глетка на Белото и Боговинското Езеро и голем број на шарски врвови меѓу кои Титов (Шар), Мал Турчин, Бакардан, Бориславец, Рудока, Челепино, висорамнината Шутман, долината на Пена и Полог.

Извор: Wikipedia

Тура

(во подготовка)

с. Ново Село – врв Трпезница (10 км)
врв Трпезница – врв Џинибег (+2 км)
врв Џинибег – Челепински Врв (+2 км)

  • наведените опции се вклучени во GPS линкот