• Должина во правец: 5 км
  • Тежина: 6/10
  • Време на искачување: 2 часа
  • Искачување со деца: 2,5 часа
  • Висинска разлика: 720 м
  • Почетна точка:

    с. Требиште

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Требиште – село во Општина Маврово и Ростуше, во областа Долна Река.

Требиште се наоѓа во областа Долна Река, во југозападниот дел на територијата на Општина Маврово и Ростуше, од десната страна на реката Радика, чиј атар се издига на планината Дешат, каде што се допира со државната гранична линија со Албанија. Селото е планинско, сместено на надморска височина од 940 метри. Селото е сместено на средно висока тераса, под Вели Врв на Дешат. Поседува бројни извори на вода и чешми.

Месности во атарот на селото се следниве: Костадинов Лаз, Крушевица, Слатина, Банатски Дол, Пирок, Лојза, Параспур, Млаче, Шумица, Јавори, Виница, Рид, Леовец, Брдце, Планина, Осој, Лопушник, Корија, Старо Гумно, Коритишча, Горна Равен, Колиба, Лок, Чука, Пароски Ливади, Средорек, Старо Бачило, Сара, Ѓинина, Студена Вода и Бара.

Селото има збиен тип и куќите се збиени на горниот дел од терасата, додека подолу се наоѓаат ниви, а над него се наоѓа шума. Мал дел од куќите се издвоени со поток од останатиот дел од селото. Во непосредна близина на селото, односно на левиот брег од реката Радика, се наоѓа и познатиот Бигорски манастир. До селото води асфалтен пат, а поголемиот дел од куќите се нови и современи. Поради стрмниот предел, селото е изложено на опасност од свлечишта. Во близина на селото е активно и свлечиштето „Велебрдо“, кое последен пат било активно во периодот 1996-1999.

Тура

(во подготовка)