• Должина во правец: 11 км
  • Тежина: 8/10
  • Време на искачување: 4 часа
  • Искачување со деца: 4,5 часа
  • Висинска разлика: 1.700 м
  • Почетна точка:

    с. Ломница

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Ломница – село во Општина Врапчиште, во околината на градот Гостивар.

Селото се наоѓа во областа Горни Полог, оддалечено 17 километри северозападно од градот Гостивар. Сместено е на источната падина на Шар Планина под гребенот Кржелино и врвот Рудока, на левиот брег над планинската река Матене која истекува од шарското ледничко Црно Езеро. Ломница е вовлечена во масивот на Шар Планина, расположена во горниот дел на долината на Маздрача од нејзината лева страна, на висина од 1200 метри, односно 1020 метри. Западно од Ломница е превојот Враца преку Шар Планина, помеѓу врвовите Голема и Мала Враца, низ кој водел стариот пат од Полог за Љума во северна Албанија.

Црното езеро е ледничко езеро и едно од 27-те на Шар Планина. Според големината која ја зафаќа, Црното Езеро е на второ место меѓу Шарпланинските езера.

Се наоѓа во Брустовичкиот масив, на неговата јужна падина наспроти северната на која што заедно се наоѓаат Белото и Боговињското езеро. Езерото лежи на надморска височина од 2.120 метри во карпест басен на еден цирк – длабодолинка која се наоѓа на јужната страна Бориславец (Брустовец). Длабнатината (циркот) во кој се наоѓа Црното Езер на север е ограничена од врвот Бориславец, на запад и југозапад од гребенот на висорамнината и врвот Рудока, од исток со еден гребен кој е висок 2.540 метри, а јужната страна е карпеста и безводна. На јужната страна Црното Езеро е заградено со моренски бедем висок околу 6 метри. До езерото може да се стигне по добро обележана планинарска патека која започнува од селото Ѓурѓевиште и продолжува кон врвот Рудока.

Езерската вода е бистра со затвореносина боја. Поради поголемата длабочината и каменесто дно од далеку езерото има потемна (црна) боја, заради што е и наречено Црно Езеро за разлика од поплиткото Бело Езеро со тињесто дно. Вода добива од крајбрежните извори и од врнежи и топење на снегот, а ја губи со испарување и преку отоката наречена Матени (Матене) што се влева во реката Маздрача. Во минатото езерото било подлабоко, но со продлабочување на отоката од страна на жителите на с.Калиште, со цел да зафатат повеќе вода за наводнување, нивото на Црното Езеро, слично како Боговинското Езеро е снижено, а длабочината намалена. Поради сите овие одлики, ова езеро има голем туристички потенцијал.

Извор: Wikipedia

Тура

(во подготовка)

с. Ѓурѓевиште – Црно Езеро – врв Рудока (11 км) – GPS Линк