Сетоле – село во Општина Тетово, во околината на градот Тетово. Сетоле е едно од најопеаните тетовски села. Оддалечено е од Тетово 12 километри, а од селото Џепчиште до Сетоле води 5 километри асфалтиран пат. Стуткано длабоко во подножјето на Шар Планина, на 1.000 метри просечна надморска височина, денес е пример на селата кои одумираат и се раѓаат едновремено.
Соседни села на селото Сетоле се: Отуње од исток, Ѓермо од запад, Лавце и Селце од југозапад, и Једоарце од југ.
Одредени места во атарот на селото ги носат следните имиња: Волче, Требеница, Османица, Коштанлиќе, Ѓорчеи Падини, Под Гумно, Пеленица, итн.
Некогаш, на крајот од 19-от и почетокот на дваесеттиот век, Сетоле имало училиште со 70 ученици. Сетолци живееле од сточарство, особено со овчарството, но се занимавале и со овоштарство. Костените од Сетоле се многу ценети плодови. И оревите, исто така. Старата прочуена сорта Тетовско јаболко денес сè уште може да се најде во питомите падини на Сетоле, чија зелена питомина се спојува со непрегледните пасишта под впечатливиот врв Плоча, на 2.000 метри надморска височина. Географски и по судбина се соседните села Отуње и Јадоарце. Сетоле е богато со чиста планинска вода. Овде прочуениот Студенец е еден од повеќето извори каде Сетолци и намерниците во селото уживаат во студената вода што упатува на помислата дека чистата планинска вода е индикатор на богатството на современиот свет.
Извор: Wikipedia
Тура
(во подготовка)
Планинарски патеки во близина:
Велосипедски патеки во близина:
с. Сетоле – врв Врчик (6 км)
с. Сетоле – врв Плоча (8 км)
с. Сетоле – врв Кучи Баба (9 км)
- наведените опции се вклучени во GPS линкот