• Должина во правец: 8 км
  • Тежина: 7/10
  • Време на искачување: 2,5 часа
  • Искачување со деца: 3 часа
  • Висинска разлика: 950 м
  • Почетна точка:

    с. Патишка Река

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Зајачница – врв, односно име на целиот гребен којшто се наоѓа токму на средишниот дел на зарамнетото планинско било на Сува Планина, која што претставува најсеверозападанта огранка на најголемиот по површина македонски планински масив – Јакупица. Височината на целиот гребен се движи околу 1700 метри, при што на запад е најиздадената кота висока 1769 метри надморска височина, која го претставува и самиот врв, а кон исток од котата 1760 метри, гребенот на Зајачница се надоврзува кон гребените Уши, Кашкал, пределот Добродолски Рупи сѐ до до врвот Мирска Вода, каде што продолжува во планината Караџица со познатите врвови Миленков Камен, Остри Врв, Убава. Зајачница го претставува и првиот најиздаден врв на Сува Планина кој јасно, одделено и поостро се издигнува доминирајќи над тапото планинско било на пространата висорамнина Копање со Цер, Шумјак на север, а од самиот врв Зајачница кон југ почнуваат поиздадените и шилести планински врвови и гребени. Веднаш на јужната падина на Зајачница се наоѓа познатата, длабока и голема Пропаст, а пропаст постои и на неколку стотини метри на работ на планинското било на исток од Зајачница. Целата непосредна околина околу врвот и гребенот, поради варовничкиот карстен состав на релјефот има голем број на пропасти, дупки (Добродолски Рупи, Велешка Рупа и др.), јами и пештери, во кои живее ситен дивеч како зајци и лисици, па постои веројатност Зајачница да го добила името поради присуството на зајци во околните дупки и пропасти.

Бозгунова Пештера (позната и само како Бозгуни или Безгуни, од албански: Shpella Bozguni) – пештера во близината на селото Патишка Река на источната падина на Сува Планина, југозападно од градот Скопје. Бозгуновата Пештера се наоѓа на источните наклони на Сува Планина, над Патишка Река. Поточно, пештерата е сместена веднаш десно над патот во делот каде што се наоѓаат викенд-куќите пред самиот почеток на селото Патишка Река. Веднаш од патот кон десно покрај едно бачило започнува мала пешачка козја патека која пробивајќи се низ шумата, достигнува до еден карпест предел на средина од падината каде што се наоѓа отворот на самата пештера. Отворот на Бозгунова Пештера се наоѓа на надморска височина од 1150 метри. Во долината на Патишка Река, односно нејзиното породолжение Сува Река, најпозната е токму пештерата Бозгуни, која всушност претставува прва пештера на просторот помеѓу кањонот Матка и долината на Маркова Река, чии истражувања се објавени во научната и стручна литература уште во 1928 година.

Светла или Ледена Пештера (меѓу мештаните позната како Здравевска Пештера) – пештера во Македонија, од видот на ледени пештери. Претставува пештера која е сместена во еден од најинтересните и најзначајните карстни предели во Македонија во Општината Сопиште во атарот на селото Нова Брезница на надморска висина од 990 метри. Се наоѓа на висорамнината Шумјак околу еден час пешечење јужно од селото во месноста викана Долни Бунари. Лесно е достапна и е на само 30 километри од Скопје. Она што ја прави пештерата привлечна е минеролошкиот феномен – калцитни кристали со голема проѕирност. Зимно време со струењето на воздухот поради обликот на пештерата, која е во форма на чизма, од подот и таваницата на пештерата се создаваат импозантни ледени украси, а таа станува вистинска ледена убавица, по што го добила и името. Единствена е од ваков вид досега откриена во Македонија. Освен пештерата, реонот до неа и околу неа го прави привлечен и природата која изобилува со многу природни реткости, бунари, мали езерца, богат животински и растителен свет.

Извор: Wikipedia

Тура

(во подготовка)

с. Патишка Река – врв Зајачница (10 км.)
с. Патишка Река – Бозгунова Пештера (1,5 км.)
врв Уши – Пештера Пропас (1 км.)
с. Нова Брезница – Ледена Пештера (3,5 км)
с. Нова Брезница – с. Патишка Река (16 км)

  • наведните опции се вклучени во GPS записот