Нижеполе – село во Општина Битола, во околината на градот Битола. Сместено е на падините на Баба Планина, во западниот дел на регионот Пелагонија. Селото Нижеполе се наоѓа на 1.100 метри надморска височина на ридско-планински терени на планината Баба. Оддалечено е 9,5 километри југозападно од Битола. Селото се наоѓа на границата со Националниот Парк „Пелистер“ и е на само 10 км од градот Битола и претставува важно одредиште за рекреативците и другите туристи од регионот и државата, но исто така и соседните земји особено Грција и Албанија. Бројните излетнички места, планинарски патеки и скијачки терени со кои изобилува околината привлекуваат илјадници посетители преку текот на целата година.
Планинарски дом „Димитар Илиевски-Мурато“ или Планинарски дом „Големо Езеро“ — планинарски дом во Македонија, сместен на надморска височина од 2.218 метри, на самиот брег на Големото Езеро, на планината Баба. Планинарскиот дом познат бил изграден во 1951/52 година. Истиот изгорел во пожар во 1975 година, а сегашниот дом бил изграден во 1978/79 година во негова непосредна близина. Планинарскиот дом располага со шест големи простории за спиење со вкупно 30 кревети и околу 20 душеци, голема трпезарија, кујна, затоплување на дрва, струја на агрегат, вода. Тоалетот е јавен на 30 метри од домот. Во текот на летните месеци (од почетокот на мај, до крајот на октомври), планинарскиот дом е секогаш отворен за време на викендите, а во текот на зимата, може да биде отворен по договор.
Извор: Wikipedia
Тура
(во подготовка)
Планинарски патеки во близина:
Велосипедски патеки во близина:
село Нижеполе – врв Пелистер (8 км)
село Нижеполе – Пелистерски водопад (3,5 км)
село Нижеполе – ПД Мурато (5,5 км)
ПД Мурато – Партизански врв (3,5 км)
Партизански врв – врв Пелистер (4,5 км)
- наведените опции се вклучени во GPS линкот