• Должина во правец: 7 км
  • Тежина: 7/10
  • Време на искачување: 3,5 часа
  • Искачување со деца: 4 часа
  • Висинска разлика: 1.000 м
  • Почетна точка:

    с. Сливница – Сливнички Манастир

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Сливнички манастир или „Рождество на Пресв. Богородица“ – средновековен манастир во долнопреспанското село Сливница. Комплексот е сместен на 3 километри од истоименото село, на падините на Баба Планина. Манастирката црква „Рождество на Пресвета Богородица“ била изградена и зографисана во 1607 година. За манастирот е издадена и книга од страна на д-р Донка Барџиева-Трајковска.

Манастирот се наоѓа на 3 километри од селото Сливница во густата листопадна шума на еден стрмен и длабоко засечен дол на западната падина на планината Баба, високо над источниот брег од Преспанското Езеро. Манастирот е подигнат во 1607 година, и според описот е граден во три фази, и тоа од 1607, од 1612 и главно во 1645 година. Од тој период потекнува и живописот во храмот, како и дрвениот иконостас со престолните икони, царските двери и големиот крст.

Пред 100 години околу манастирот се простирала огромна борова шума која изгорела во пожар. Во склоп на манастирот има конаци кои ги користат жителите на Преспа. Конаците се изградени при крајот на XVII век и на двапати биле опожарени. Обновата на овој средновековен манастир започнала во 1996 година. Сега во манастирскиот двор има 20 конаци со 90 легла. За време на летото во конаците доаѓаат верници кои тука преспиваат. Обновена е трапезаријата и кујната, а направен е и санитарен чвор.

Во дворот на манастирот постои чешма за која се верува дека е света и лековита вода. Се смета дека водата која извира од под манастирската црква лечи од болести и помага за пород. Според сведочењата на десетици луѓе, Богородица неколкупати се појавила околу манастирскиот комплекс. Првите сведочења се појавуваат од времето на Првата светска војна, додека последното е забележано во 2006 година.

Извор: Wikipedia

Тура

(во подготовка)

Сливнички Манастир – врв Голема Чука (4 км)
врв Голема Чука – врв Мала Чука (3 км)
врв Мала Чука – Превој Ѓавато (10 км)

  • наведените опции се вклучени во GPS линкот