• Должина во правец: 6,5 км
  • Тежина: 7/10
  • Време на искачување: 3,5 часа
  • Искачување со деца: 3,5 часа
  • Висинска разлика: 1.050 м
  • Почетна точка:

    с. Лавци

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Лавци – село во Општина Битола, во околината на градот Битола. За името на селото Лавци има две толкувања. Според првото толкување, во селото се чувале големи стада овци, а со овците имало и кучиња. Ноќе кога сите спиеле доаѓале волци, а кучињата лаеле по нив за да ги бркаат, па селото го добило името по нивниот лаеж. Според второто толкување, во селото се доселиле влашки семејства, па името е изведено од Власи, т.е. Ласи.

Неолица – врв на Баба Планина, висок 1.865 метри и е оддалечен 10 километри од градот Битола каде се наоѓа и крстот посветен за починатите планинари кој е изграден од Јован Цветковски. Во негова близина се наоѓа истоимениот планинарски дом на висина од 1.440 метри, кој има капацитет од 48 кревети. До овој дом може да се стигне 3 часа пешки преку село Буково, или 2 часа преку село Лавци.

Извор: Wikipedia

Тура

(во подготовка)