
Маловиште (познато и како Маловишта) – село во Општина Битола, на 20-ина километри од градот. Тоа е планинско село, на подножјето на Баба Планина и е единствената населба во границите на Националниот парк Пелистер. Во Маловишта живеат околу 100 жители, додека за време на викендите преминува и 500.
Маловишта е специфично село, со интересна, автентична архитектура. Селото има убави, големи куќи градени од камен, на традиционален начин. Белег на старата архитектура се сочуваните стари калдрмисани улички, камените мостови и изгледот на мала градска населба. Во центарот на селото се издигнува црквата Св. Петка, со својот сочуван фрескоживопис, како и извонредниот дрвен иконостас изработен во длабока резба. Во центарот има јавен објект каде што е поставена изложба за традиционалната култура на селото. Во Маловишта нема угостителски објект, но со претходна најава, месните жители можат да организираат ручек во самото село, и тоа познати влашки специјалитети, како на пример влашката пита, јагне печено во фурна и други традиционални локални јадења.
Маловишта датира уште од античко доба, од четвртиот век во нашата ера на местото Попова Нива на два и пол километри од сегашната, а за денешната локација се знае од XVI век наваму. Во XIX век, селото имало над 2.000 жители и било средиште во кој се доселувале Власите од Москополе, од Грамошта и од Епир. Во тој период, во селото имало две грчки и две романски училишта, а речиси секој жител зборувал по два-три јазика.[3] Со миграционите движења и војните и Маловишта ја доживеало судбината на сите села. Богатите Власи, кои главно биле кираџии и трговци, се преселиле во богатите балкански метрополи, а селото се испразнило. Во поново време, благодарение на силното влашко лоби, тоа пак се обновува. Има детален урбанистички план и со десетици неостварени изготвени проекти. Постојат проекти за одржлив развој кои ја уживаат поддршката на странски фондации.
Маловиште и неговиот состав е прогласен за споменик на културата во 2019 година
Планинарски дом „Широка“ – планинарски дом во Македонија, сместен на надморска височина од 1.950 метри, под врвот Пелистер, на планината Баба. Домот се наоѓа на надморска височина од 1.950 метри под самиот врв Пелистер, на околу 23 километри од градот Битола. До Планинарскиот дом најлесно се стигнува од „Инфо центарот“ на националниот парк „Пелистер“ или поранешно место викано „на Лазо вилата“ со старт од 1360 метри надморска височина, со должина на патеката од околу 9 км. Пешки се стигнува за 2.30 до 3 часа по макадамски пат, може да се стигне и со теренско возило, а е идеално за со планински велосипед.
Извор: Wikipedia
Тура
(во подготовка)
Планинарски патеки во близина:
Велосипедски патеки во близина:
с. Маловиште – врв Козји Камен (10 км)
ПД Широка – врв Козји Камен (1,5 км)
село Маловиште – врв Мала Чука (6 км)
врв Мала Чука – врв Голема Чука (4 км)
- наведените опции се вклучени во GPS линкот










