Орлови Бари познати и само како Орлова Бара; Вирој, Локви – две повремени постглацијални леднички езера кои се наоѓаат високо на главниот срт на протегање на планината Баба над долот на Сапунчица, северно од врвот Голема Грива, на надморска висина од 2.038 м. Езерата припаѓаат во рамките на Националниот парк Пелистер. Од планинарскиот дом крај Големото Пелистерско Езеро започнува и води директна обележана планинарска патека по макадамскиот т.н. „Француски пат“ која минува веднаш во најнепосредната близина над самите езерца Орлови Бари.
Голема Грива – планински врв на планината Баба, во рамки на националниот парк Пелистер во југозападниот-западниот дел на Република Македонија. Неговата надморска височина изнесува 2.215 метри. Се наоѓа главниот срт на протегање во средишниот дел на планината Баба, непосредно северно од врвот Муса, заградувајќи ја стрмната долина на реката Сапунчица. Поточно Голема Грива се наоѓа на главниот срт на протегање на планината Баба во националниот парк Пелистер, високо над долината на Сапунџица на исток и котлината Преспа на запад помеѓу високите врвови Ветерница и Муза, под кој непосредно минува широкиот пат изграден во Првата светска војна, кој на север води до највисокиот врв Пелистер.Врвот има остар и шилест облик на највисокиот дел, издигнувајќи се многу стрмни и од долината на Сапунчица (Нижеполе) и од Преспа, при што има доста висок и грамаден изглед. Веднаш под него на неговата западна падина кон Преспа минува трасата на т.н. „Француски пат“ изграден во Првата светска војна. Од самиот врв се отвора прекрасна глетка кон Преспанското Езеро и целиот срт на протегање на планината Баба со соседните врвови Муса на југ, Пелистер кон север, шумовитите предели на источните падини на Баба и Кајмакчалан во далечината. Веднаш во непосреден западен правец на сртот под врвот Голема Грива се наоѓаат двете природни повремени Орлови Бари, а кон северозапад се и познатите постојани придони леднички езера Пелистерски Очи при што Големото Пелистерско Езеро е на 2,5 км оддалеченост.
Врвот Голема Грива е во права линија на јужен правец наспроти понискиот врв Мала Грива (1914 м.) кој се наоѓа на спротивната лева страна на долот на Сапунчица. До врвот се стигнува по доброобележана патека која започнува во непосредната близина на Битола од селото Лавци најпрвин движејќи се низ шума од каде излегува на врвот Орлово Седло (1863 м.) од каде се по голиот и тревнат планински срт на Неолица минува по врвовите Црна Стена (1909 м.), Скрково (2146 м.) и достигнува до врвот Муса (2350 м.) на главниот срт на пелистерската планинска верига, од каде скршнува непосредно на запад до Голема Грива од каде на околу десетина минути се наоѓаат Орлови Бари и крстосницата на планинарските патеки за Големо Езеро со планинарскиот дом и натаму за Нижеполе во Битолско и патеката која води до Брајчино во Преспа.
Мразарник – планински врв на планината Баба, во рамки на националниот парк Пелистер во југозападниот-западниот дел на Република Македонија. Неговата надморска височина изнесува 2.335 метри и се наоѓа веднаш и непосредно источно над Големото Пелистерско Езеро, со што со својот гребен и западна падина го формира неговиот источен брег и воедно источната страна на ледничкиот цирк во кој се наоѓа езерото. Се наоѓа во средишниот дел на планината Баба, недалеку од главниот срт на нејзиниото протегање на мала планинската огранка која што се испушта и протегнува од врвот Ветерница (2.420 м) и го оградува стрмниот и длабок дол на Сапунчица од запад.
Извор: Wikipedia
Тура
(во подготовка)
Планинарски патеки во близина:
Велосипедски патеки во близина:
с. Нижеполе – врв Мразарник (7 км)
с. Нижеполе – Орлови Бари (14,5 км)
врв Мразарник – Орлов Врв (3 км)
Орлов Врв – Орлова Чука (1 км)
Орлова Чука – врв Голема Грива (1,5 км)
- наведените опции се вклучени во GPS линкот