Света Недела – средновековековен православен христијански храм во урнатини, сместен високо во кањонот Матка во месноста Марков Град од левата страна на реката Треска. Оваа црква се смета дека е изградена во XIII или XIV век, истовремено со изградбата на блиските околни цркви и манастири Свети Никола Шишевски (од спротива), Свети Андреја (југоисточно во долот), Свети Спас (непосредно северно) и Успение на Пресвета Богородица.
Црквата Света Недела е мала, еднокорабна, куполна црква за што сведочат остатоците од сводовите на некогашната купола. Изградена е од кршен камен, делкан локален камен — варовник и керамички материјал. Според остатоци од камени сводови, може да се заклучи дека куполата се наоѓала над олтарниот дел, при што црквата имала речиси ист или сличен изглед како блиските цркви Свети Никола и Свети Андреја. На дел од ѕидините во внатрешната страна сè уште стои дел од фрескоживописот на црквата. Врз ѕидовите од внатре се забележуваат скромни останки на фреско декорација со неколку светители во олтарниот дел, потоа фигурата на Света Недела која и денес може да се забележи на јужниот ѕид, а постарата литература од 1912 годнна забележала дека десно од светителката бил портетот на ктиторот кој и го пружа моделот на црквата.
Централниот станбен објект со правоаголна основа беше археолошки ископуван. Резултатите покажаа дека животот во него се одвивал низ 14. век во исто време кога егзистирала и црквата. Откриени бројни делови од грнчарија, потоа животински коски. Анализата направена на фреските и самата архитектура потврдуваат дека црквата датира од периодот помеѓу 1350-та и 1360-тата година. Се претпоставува дека во него жпвеел господарот на Матка – Бојко. Народната месна традиција се раскажува за убавата Бојана господарка на овој град, која бранејки го од Турците за да не им падне во раце се самоубила скокајќи во реката. Тука е очигледна сличноста на имињата: Бојана – Бојко. Западниот подград е голем 120 × 50 метри. Опфатен со силен одбранбен ѕид, широк 1,80 м, на едно место сочуван во височина до 3 метри, и тој се наоѓа веднаш западно под црквата на самиот нејзин влез. Најверојано во минатото оваа црква била селска црквата на некогашното (сега непостоечко) село Ивање кое според преданијата во една дупка (дол, рупа) имало црква посветена на Света Недела каде за време на селската слава се приредувал голем собор на кој „по седумдесет“ ивањски девојки пееле и играле оро.
Иако црквата е во рушевини, сепак таа е доста посетено место од верници и планинари. Во нејзе постојат повеќе икони од светицата Недела, Богородица и Исус Христос, како и кандило за палење свеќи. Во непосредна близина на црквата е изграден летниковец од страна на планинарите.
Извор: Wikipedia
Тура
Турата ја започнуваме од црквата Св. Андреја – Матка. На неколку метри од црквата започнува планинарска патека јасно обележена. Доколку се одлучите на оваа тура за време на викенд, бидете подготвени на хаосот кој преовладува поради туристи и посетители, како и на пронаоѓање на паркинг место. Откако запаливме по една свеќа во црквата Св. Андреја веднаш се упатуваме нагоре по патеката. Иако патеката е солидно обележана со маркации, истата е зарасната со вегетација што упатува на тоа дека е прилично непосетена. Започнува веднаш со сериозен степен на угорнина и бара вистинска кондициска подготвеност. На одредени секции, искачувањето се одвива на карпест предел и бара сериозна внимателност како и користење на рацете при искачување.
Доколку не сте физички подготвени и доколку поседувате непријатно чувство од висини и провалии, постои полесна варијанта да се искачите до Црквата Св. Недела (с. Горна Матка до Св. Спас со теренско возило, и полесна планинарска патека од Св. Спас до Св. Недела во должина од 1 км.).
По приближно 1:30 часа искачување пристигнуваме до Црквата Св. Недела каде заслужено правиме одмор пред црквата на неколку клупи и маси и се насладуваме на неверојатните погледи кон Матка и Шишевски Манастир. По краток одмор и фоткање се спуштаме кон Црквата Св. Спас – идеално место за дружба во природа – во дворот на црквата постојат повеќе маси и клупи за ужуванција во природа. За крај по планинарска патека се спуштаме до Св. Богородица на Матка – идеална кружна тура над Матка.
Според SAC- Berg- und Alpinwanderskala, оваа петека би ја категоризирале во секцијата Т4.
Планинарски патеки во близина:
Велосипедски патеки во близина:
Црква Св. Спас – врв Раса (6 км)
Црква Св. Недела – врв Раса (5 км)
- наведените опции се вклучени во GPS линкот