Манастирот Свети Никола Шишевски – македонски православен христијански средновековен манастир во близината на селото Шишево, високо над карпите во кањонот Матка од десната страна на реката Треска.
Манастирот Свети Никола Шишевски, е сместен високо на една зарамнета тераса на карпите, над десниот брег над вештачкото езеро Матка над реката Треска. Теренот е недостапен за моторни возила и планински велосипеди и е единствено достапен пеш од три правци: од мостот на реката Треска во близина на кајакарските терени кај манастирот Света Богородица во Долна Матка (половина час пешачење); од селото Шишево (1 час); како и од врвот на планината Водно (2 часа и 30 минути). Од градот Скопје е оддалечен 18 километри, а од селото Шишево околу 3 километри. Од спротива на манастирот долу крај езерото се пружа прекрасна глетка на позната црква Манастир Свети Андреја.
Точниот датум на изградбата на манастирската црква посветена на Свети Никола е непознат. Сепак постои податок дека црквата била изградена или обновена во 1345 година од страна на поп Ненад и други ктитори. Во еден препис на манастирски Поменик се споменува дека во подигањето и живописувањето на постарата црква помагал кралот Марко, така што нему може да му се припише ктиторството. Имајќи го предвид овој податок, како и податокот дека ктитор на блиската црква од спротива, посветена на Свети Андреја, бил братот на Крале Марко, Андријаш, може да се заклучи дека овој манастир датира од втората половина на XIV-от век. Не се знае точно кој бил ктиторот и на новата црква, а се претпоставува дека лично се заложил скопскиот митрополит Симеон.
Кон средината на XV век се споменува дека во манастирската црква имало само еден калуѓер. До крајот на XV век и во текот на целиот XIV век нема никакви податоци за животот на манастирот. Негде во првата половина на XVII век кон западната страна на црквата е доградена припрата во форма на стеснет впишан крст со купола која се држи на конзоли.
Од подоцнежната историја на манастирот, македонскиот просветител Јордан Хаџи Константинов – Џинот во еден свој напис во „Цариградски весник“ (од 20 ноември 1854), забележал дека во 1844 година, арнаутите ги уништиле и запалиле (ги сториле пепел) сите зданија (објекти), освен манастирската црква.
Извор: Wikipedia
Тура
Турата ја започнуваме во близина на црквата Св. Богородица – Матка кај пешачкиот мост на реката Треска. Поради популарноста на Кањон Матка, наша препорака е да тргнете рано бидејќи паркинг местата во попладневните часови се ограничени.
Патеката на почетокот се двои: лево кон Крстот (само за искусни со алпинистичка подготовка) и десно кон Св. Никола Шишевски. Патеката веднаш навлегува во нискостеблеста шума и 2/3 од истата е во сенка. Се движиме покрај реката Треска и за кратко искачуваме блага угорнина кон манастирот. По изминати 2 км, пристигнуваме до изворот каде се спојува патеката која води од Водно – Крстовар. Додека се движиме по сртот, од спротивната страна се нудат прекрасни погледи кон Осој Планина и Црквата Св. Недела. Од изворот до манастирот поминуваме уште 0,5 км. Манастирот е прекрасно место за уживање во природа – на повеќе места постојат уредени клупи и маси со прекрасен поглед кон спротивниот дел на Осој Планина и Св. Недела.
За назад се упатуваме по друга патека која води директно до црквата Св. Андреја – средиштето на Коњонот Матка но од спротивната страна. Патеката е во вкупна должина од 0,5 км, но прилично стрмна со лизгава површина од ситни и крупни камења. Пристигнуваме на спротивниот брег и тука е се наоѓа ѕвончето (железен чекан и железна табла) кое служи за повикување на чамец за транспорт на спротивната страна (50 МКД по човек). Ова за нас е најубавата кружна тура на Кањон Матка – патеката е лесно совладлива за сите возрасти, надвор од вообичаените гужви и нуди незаборавни впечатоци од недопрената природа на Матка и околните планини.
Планинарски патеки во близина:
Велосипедски патеки во близина: