• Должина во правец: 7,5 км
  • Тежина: 7/10
  • Време на искачување: 3 часа
  • Искачување со деца: 3,5 часа
  • Висинска разлика: 700 м
  • Почетна точка:

    с. Плетвар

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Плетвар – село во областа Раец, во Општина Прилеп, на патот помеѓу градовите Кавадарци и Прилеп. Плетвар се наоѓа во близина на истоимениот превој, кој ги разделува планините Дрен и Бабуна и ги поврзува Пелагонија и градот Прилеп со Раец и Тиквешијата. Селото е планинско и е сместено на надморска височина од 990 м. Од градот Прилеп е оддалечено 9 км. Селскиот атар зафаќа површина од 18,8 км2. Во XIX век, Плетвар било македонско село во Прилепската каза на Отоманското Царство. Според Георги Трајчев, во селото работело училиште од 1846 година, а во 1902 година била изградена нова училишна зграда.

Археолошки наоѓалишта:
Барички Дол — населба од доцноантичко време;
Плетвар — осамен наод од римско време;
Селиште — осамен наод од римско време; и
Чашка — осамен наод од римско време.

Цркви:
Црква „Св. Кузман и Дамјан“ — главна селска црква изградена во 1862 година.

Споменици:
Споменик на НОБ

Реки:
Караманица

Извор: Wikipedia

Тура

(во подготовка)