Расенгул – планинскиот врв на Шар Планина, во северозападниот дел на Република Македонија. Тој е составен дел на Шар Планина и неговата височина е 2.383 метри.
Расенгул е висок планински врв во јужниот дел на главното планинско било и срт на Шар Планина, кој ја претставува и најјужната точка на планинскиот гребен на огранката Враца, во непосредна близина на двата величествени шарпланински врвови Мала и Голема Враца на север. Со својата височина од 2.382 метри и карпестиот гребен по сртот, Расенгул го претставува последниот јасно истакнат стрмен и висок врв на Шар Планина, после кој на југ следат последните поблаги и целосно тревнати врвови Фудан, Лера и Морава со кој завршува шарската планинска верига на југ. Непосредно на север по сртот од Расенгул се издигнува врвот Мала Враца, на југ е пространата и широка долина Идризова Дупка која продолжува во Аџина Река, кон запад се отвораат високите Горно и Долно Луково Поле со изворишното подрачје на Радика, додека веднаш непосредно на исток е изворот на реката Маздрача. Веднаш на југ под самиот врв Расенгул помеѓу малиот гребен Венец се наоѓа и постојано ледничко езеро, а пак веднаш на север на подножјето се двете Дефски езера. Непосредно веднаш под самиот врв Расенгул на југ поминува и планинарската патека на првата Западна македонска трансверзала (ЗМТ) водејќи од Шутман и продолжувајќи кон Лера и Маврово. Оддалеченоста на врвот Расенгул од попристапните патишта и населени места е многу голема, па најдобра можност за пристап е преку земјените патишта од Стрезимир во долината на Штировица и преку Торбешки Мост и Аџина Река на југозапад или од селото Горно Јеловце на југоисток. Глетката од врвот Расенгул ја опфаќа цела Шар Планина, Кораб, Дешат со Крчин, Бистра, Стогово, Сува Гора, и зад неа планинскиот масив на Мокра со Солунска Глава додека на другата страна погледот досегнува и до Проклетие.
Извор: Wikipedia
Тура
(во подготовка)
Планинарски патеки во близина:
Велосипедски патеки во близина:
с. Стрезимир – врв Радика (10 км)
врв Радика – врв Расенгул (1 км)
- наведените опции се вклучени во GPS линкот