• Должина во правец: 16 км
  • Тежина: 9/10
  • Време на искачување: 5,5 часа
  • Искачување со деца: 6 часа
  • Висинска разлика: 1.650 м
  • Почетна точка:

    с. Арвати

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Арвати – село во Општина Ресен, во областа Долна Преспа, во околината на градот Ресен, сместено во близина на брегот на Големото Преспанско Езеро.

Во врска со името на селото, Влоѓимјеж Пјанка пишува дека е примарно, етничко (се мисли на Хрвати како нација) што во потполност се совпаѓа и со преданијата на арваштани. Тие пренесуваат сеќавање дека, некаде кон крајот на XVI век и во почетокот на XVII век, кога во Хрватска и во Словенија се случувале селски буни, предците на денешното семејство Лозановци, со целокупниот свој ситен и крупен добиток дошле на македонска земја и стигнале во селото Шара, кое имало два бега (на долниот и горниот крај на селото). Бегалците ги прибрал горниот бег при што им ја присвоил стоката, а тие станале раја како и другите христијани. Се смета дека по овие луѓе Харвати (Хрвати) подоцна селото го добило името Арвати.

Селото е сместено на околу 3 километри источно од Големото Преспанско Езеро, во длабока живописна пазува на планината Баба, во средишниот дел и од двете страни на реката Шара (позната и како Арватска или Кранска Река). Сместено е на надморска височина од околу 900 метри. Од патот Ресен-Љубојно, селото е оддалечено три километри, а од општинското средиште, градот Ресен, е оддалечено 24,5 километри.

Се пренесува предание дека селото е двапати преместувано. За негови претходно положби се споменуваат месностите Павлоец (на околу 3 километри источно од денешната местоположба на селото и од левата страна на реката) и Грмада (на околу 1 километар источно од денешната местоположба на селото и од десната страна на реката). За времето на преместувањето се вели дека било одамна, а како причина се наведува владеењето на тешка заразна болест.

Извор: Wikipedia

Тура

(во подготовка)