Свети Атанасиј – главна селска црква во селото Штрбово, Општина Ресен, Македонија.
Се наоѓа источно од положбата на Штрбово (Горно Село). Била изградена во 1930 година од кршен камен и вар, на место на поранешна црква. Во дворот на црквата постојат стари селски гробишта. Црквата е сместена на една доминантна височинка, источно од просторот на некогашната положба на старото село Штрбово. До црквата, денес може да се стигне преку асфалтен пат.
Црквата претставува еднокорабна градба со мала полукружна апсида на источната страда и дограден затворен трем крај јужната фасада. Во рамките на црковниот двор се наоѓаат и новоизградени помошни простории, источно од црквата, како и камбанаријата на запад. Не се сочувани никакви пишани податоци за времето изградба на храмот, меѓутоа се претпоставува дека била изградена во 1930 година. Црквата има иконостас, кои се претпоставува дека потекнуваат од XIX век. Иконостасот го направил мајстор Роман од Дебарско.
Извор: Wikipedia
Тура
(во подготовка)
Планинарски патеки во близина:
Велосипедски патеки во близина: