• Должина во правец: 7,5 км
  • Тежина: 7/10
  • Време на искачување: 3 часа
  • Искачување со деца: 3,5 часа
  • Висинска разлика: 1.160 м
  • Почетна точка:

    с. Нижеполе – Ски Центар

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Муза (познат и како Муса) – планински врв на планината Баба, во рамки на националниот парк Пелистер во југозападниот-западниот дел на Македонија. Неговата надморска височина изнесува 2.351 метри и се наоѓа југозападно од селото Злокуќани и градот Битола. Се наоѓа на главниот срт на протегање во средишниот дел на планината Баба, а од него се одделува планинската огранка која што се протега од врвот Муза на главниот срт кон североисток и север сè до над самиот град Битола и рамината Пелагонија, и која што од десната страна ја заградува стрмната долина на реката Сапунчица. Врвот има тап и зарамнет облик на највисокиот дел, a погледнат од Преспа, долината на Сапунчица (Нижеполе), Пелагонија или Скрково има доста висок и грамаден изглед. Веднаш под него на неговата западна падина кон Преспа минува трасата на т.н. „Француски пат“ изграден во Првата светска војна, од кога има и разрушен воен објект веднаш на северната падина под врвот. Од самиот врв се отвора прекрасна глетка кон Преспанското Езеро и целиот срт на протегање на планината Баба со соседните врвови Бојаџиев Врв на југ, Голема Грива и Пелистер кон север, шумовитите предели на источните падини на Баба и Кајмакчалан во далечината.

Извор: Wikipedia

Тура

(во подготовка)

с. Нижеполе – врв Неолица (2,5 км)
врв Неолица – врв Скрково (2,5 км)
врв Скрково – врв Муса (2,5 км)

  • наведените опции се вклучени во GPS линкот