• Должина во правец: 39 км
  • Тежина: 8/10
  • Време на искачување: 6 часа
  • Искачување со деца: / часа
  • Висинска разлика: 1.680 м
  • Почетна точка:

    Прентов Мост – с. Куратица

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Куратица (многу ретко се сретнува и како Курајца) – село во Општина Охрид, во околината на градот Охрид. Ова село се наоѓа во североисточниот дел на Охридското Поле и во источниот дел на Општина Охрид. Селото е планинско, на надморска височина од 1.080 метри. Од градот Охрид селото е оддалечено 20 километри.

Куратица е особено планинско село, сместено во падините на гребенот Вишеслојец (1.383 метри). Во близина е изворот на Куратичка Река, десна притока на Коселска Река. Околни села се: Сирула на запад, Расино на југозапад и Речица на југоисток. Во минатото, мештаните со вода за пиење се снабдувале од чешми. Денес, селото има изграден селски водовод. Истиот бил изграден во 1962 година.

Куратица е оддалечено пет километри северно од регионалниот пат Охрид—Ресен. Сместено е во пазувите на планината Мазатар (Бајрак, 1.635 м.). Местоположбата на селото е во тесна карстна долина, околу мала река, која надојдува за време на посилни врнежи, поради што селото трпело штети од поплави. Поради положбата, селото има издолжен облик во насока северозапад-југоисток. Може да се каже дека е поделено на три маала: Горно, Долно и Средно.

Атарот на селото Куратица се наоѓа помеѓу атарите на селата: Расино на југозапад, Сирула на запад, Лешани на северозапад, Брежани на североисток, Плаќе и Речица на југоисток, и Завој и Опеница на југ.

До селото води асфалтен пат, кој бил асфалтиран во текот на 1980 година.

Подрачјето на Куратица е населено уште од доцната антика, за што сведочи утврдената населба Кулишта јужно од селото. Постои предание дека Куратица е старо село, исто како и Сирула. Меѓутоа, за Куратица нема точни податоци, додека Сирула се спомнува како дервенџиско село уште во 1582 година. Според предание, селото било еднаш раселено за време на турската власт.

Денешното село било обновено од преостанатите жители на старата Куратица. Тогаш, се доселиле седум-осум домаќинства, од кои денес потекнуваат сите родови. Во XIX век, Куратица било село во Охридската каза на Отоманското Царство.

Јужно од селото, во месноста Вранешница се наоѓаат неколку пештери, наречени Маркови Куќи. Во Илинденското востание таму се криеле жителите од соседното село Сирула. Меѓутоа, нивната положба била откриена од Турците од страна на Велјан Славески, кој потекнувал и живеел во соседното село Речица. Биле убиени околу 30 жители.

Извор: Wikipedia

Тура

(во подготовка)

Велосипедски патеки во близина:

Планинарски патеки во близина: