• Должина во правец: 11 км
  • Тежина: 7/10
  • Време на искачување: 4 часа
  • Искачување со деца: 4,5 часа
  • Висинска разлика: 1.550 м
  • Почетна точка:

    ПД Љуботен

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Ливадичко езеро (српски: Штрбачко језеро, албански: Xholi i Livadices) ледничко езеро и едно од 27-те на Шар Планина. Тоа е едно од поголемите и поубавите езера на планината.

Жителите на Косово го нарекуваат Штрбачко језеро, заради општината Штрпце во која се наоѓа. Сегашното име го има добиено по врвот во чија близина се наоѓа, -Ливадица (2.491 m). Инаку ова езеро на сточарите им било познато од многу одамна. Но за првпат почнува да се истражува во 1911 година од страна на познатиот српски научник Риста Николиќ. Од тогаш за ова езеро се има многу пишувано и истражувано.

Езерото се наоѓа на северозападното било на Шар Планина на 2.137 m надморска висина, а околу него се наоѓаат повеќе ридести височинки. Бреговите му се карпести, а највпечатлива е надвиснатата карпа над езерските води, настаната од ударната силе на езерските бранови, со вдаблатина од 2 метра, со која е единствена од таков облик на Шар Планина. И рамниот дел од езерскиот брег е прошитен со ребрести камења, но овој дел е и затревен. Бреговите секаде околу езерото се чисти.

Езерото е долго 238, а широко 124 метри со обем од 570 до 700 метри во зависност од годишното време. Површината изнесува 20.740 m². Длабочината се движи од 6,5 до 8,60 метри исто така во зависност од водостојот. Максималната длабочина е од мај до јули, кога поради големиот водостој се случува езерото да претечува. Најмал водостој има од август до октомври.

Езерското дно главно е коритесто. Водата е бистра и чиста и се гледа самото дно. Акумулацијата се создава преку Сочничкиот Поток кој се влева во езерото. Во езерото има и подводни извори, кои се забележуваат од секоја страна. Кога езерото се одлива, потокот што излегува е еден од оние кои ја создаваат Калуѓерската река.

Извор: Wikipedia

Тура

(во подготовка)

ПД Љуботен – Козја Стена (3 км)
ПД Љуботен – Ливадичко Езеро (8 км)
ПД Љуботен – врв Ливадица (8,5 км)

  • наведените опции се вклучени во GPS линкот