• Должина во правец: 6,5 км
  • Тежина: 6/10
  • Време на искачување: 3 часа
  • Искачување со деца: 3,5 часа
  • Висинска разлика: 1.000 м
  • Почетна точка:

    с. Шешково

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Шешково – мало село во Општина Кавадарци, во областа Тиквеш, во околината на градот Кавадарци.

Селото се наоѓа во југозападниот дел на територијата на Општина Кавадарци, од левата страна на Тиквешкото Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 620 метри. Сместено е на една бреговита тераса, под линијата на вториот егејски расед, во северното подножје на врвовите Голем и Мал Руен. Од градот Кавадарци е оддалечено 20 километри. Селото е сместено во пазувите на планината Вишешница.

Атарот на селото зафаќа простор од 20 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 1.852 хектари, а на обработливото земјиште отпаѓаат 130 хектари. До селото води многу лош земјен пат.

Атарот на Шешково е населен уште од железно време, за што сведочи наоѓалиштето Градиште во неговиот југоисточен дел. Селото Шешково е доста старо и тоа со истото име се споменува уште во средновековниот период од турските пописни дефтери од XVI век, односно од 1570 година кога тоа било чисто христијанско македонско село кое припаѓало во рамки на нахијата Тиквеш во Ќустендилскиот санџак. Селото било познато за време на партизанските борби во НОБ. Во тоа време, во селото работела и партизанска болница. Болницата работела во рамките на селското училиште, но и во околните куќи, каде што работел еден заробен германски лекар. Во селото била сместена и првата англиска воена мисија, а имало и радиостаница со која раководел Киро Хаџи Василев. Во текот на 1943 година почнал да излегува и „Народен глас“, весник на македонскиот народноослободителен фронт за Тиквешко, Велешко и Гевгелиско. На 22 август 1944 година во Шешково била создадена Деветтата македонска ударна бригада.

Цркви:
Црква „Св. Мала Богородица“ — главна селска црква, која е многу стара, а била обновена во 1872 година

Споменици:
Споменик од НОБ за создавањето на 41-та југословенска дивизија (Прва македонска дивизија)
Спомен чешма по повод 40 години од создадењето на 41-та југословенска дивизија
Спомен чешма во чест на загинатите борци од Шешково
Спомен просторија во чест на деветтата македонска ударна бригада и десеттата македонска ударна бригада во рамките на бившото училиште и болница за време на НОБ

Археолошки наоѓалишта:
Градиште — градиште од железно, раноантичко и римско време
Киштино — населба и некропола од доцноантичко време
Манастирот — сакрален објект од средниот век
Тумба — населба и некропола од доцноантичко време

Извор: Wikipedia

Тура

(во подготовка)

с. Шешково – врв Галчин (5,5 км)
врв Галчин – врв Орлите (1 км)

  • наведените опции се вклучени во GPS линкот