Дренскиот манастир е сместен на 1 км јужно од селото. Изграден е во текот на XIX век, но на почетокот на XX век црквата била во урнатини, и од неа е зачуван само престолот. Се смета дека манастирот бил уништен од Турци. Во 1950 г. благодарение на ктиторот Цветко Георгиоски е изградена малка црквичка, каде мештаните се собирале на Илинден и Арангеловден. Подоцна на нејзино место е изграден поголем храм, осветен на 2 август 1972 г. од митрополитот Методиј Дебарско-кичевски. Во 2008 г. таа црква е срушена, па на 7 јуни 2008 г. се осветени темелите на новиот манастирски храм. Завршената црква е осветена на 26 април 2014 г. од митрополитот Петар Преспанско-пелагониски.
Извор: Wikipedia
Тура
(во подготовка)
Планинарски патеки во близина:
Велосипедски патеки во близина: