Голем Радобил или Големо Радобил – село во областа Раец, во Општина Прилеп, на патот помеѓу градовите Кавадарци и Прилеп.
Голем Радобил се наоѓа во североисточниот дел на Општина Прилеп, во горното сливно подрачје на реката Раец, од десната страна на патот Прилеп-Кавадарци. Селото е ридско и се простира на надморска височина од 620 м. Од градот Прилеп е оддалечено 28 км, а од градот Скопје околу 98 км. Неговиот атар зафаќа површина од 25,1 км2. Во XIX век, селото било дел од Тиквешката каза на Отоманското Царство.
Во 1908 година, селото било опишано како слободно христијанско село со 120 куќи, а било споменато и како едно од најбогатите села во Тиквеш.
Археолошки наоѓалишта:
Селска Црква — осамен наод од доцноантичко време; и
Гробишта — осамени наоди од римско време.
Цркви
Црква „Св. Никола“ — главна селска црква изградена во 1870 година.
Реки:
Раец
Извор: Wikipedia
Тура
(во подготовка)
Планинарски патеки во близина:
Велосипедски патеки во близина: