• Должина во правец: 7 км
  • Тежина: 8/10
  • Време на искачување: 4,5 часа
  • Искачување со деца: 5 часа
  • Висинска разлика: 1.750 м
  • Почетна точка:

    с. Превала – Косово

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Големото Јажинско езеро (српски: Велико Јажиначко језеро) е ледничко езеро и едно од 27-те на Шар Планина. Заедно со Малото Јажинско езеро ги сочинуваат Јажинските езера. Името го добиле по селото Јажинце, кое се наоѓа веднаш под нив на самото подножје на планината во Косово. Се наоѓа на 2.180 м. надморска висина. Долго е 125, а широко е 50 метри. Точната длабочина не е измерена, но се претпоставува дека е околу 5 метри. Според некои српски научници се смета дека кога езерото има висок водостој, длабочината му изнесува нешто повеќе од 12 метри. Секако според првиот или вториот извор, езерото е најдлабоко од сите шарпланински езера. Обемот на езерскиот брег изнесува околу 500 м.. Се наоѓа на карпест басен и има јајцевиден облик. Езерото се храни со вода еден поток кој не пресушува и од неколку ледници кои ги има во околината. Водата е кристално чиста и проѕирна до самото дно. Кога има висок водостој од езерото истекува вода во вид на поток, но има и загуби преку понирање. Понирањето на водата е всушност изворен крак на Јажинската Река, која подоцна се влева во Сува Река. Во ова езеро вирее поточна пастрмка, која е донесена и успешно адаптирана.

Извор: Wikipedia

Тура

(во подготовка)

с. Превала – Јажинско Езеро (5 км)
с. Јажинско Езеро – Езерски Врв (2 км)
с. Јажинско Езеро – врв Пескови (3 км)
Врв Пескови – Бистрички Врв (1 км)

  • наведените опции се вклучени во GPS линкот