Караникола (познат и како: Караниколица) е планински врв на Шар Планина, во северозападниот дел на Република Македонија. Тој е составен дел на Шар Планина и неговата височина е 2.409 метри. Врвот се наоѓа северозападно од градот Тетово, на границата со Косово. Неговата местоположба се наоѓа токму на средишниот дел на главниот срт на протегање на Шар Планина, речиси на половината на неговото протегање недалеку од местото каде го менува правецот на протегање од северозапад кон југ, а на неговото јужно подножје на македонска страна се наоѓаат преубавите Караниколичко Езеро и Мал Ѓол.
Караниколичко езеро или Голем Ѓол е првото и најголемо езеро од трите кои го носат името Ѓол на Шар Планина. Тоа е природно ледничко езеро кое се наоѓа на Караниколскиот простор на 2.300 н.м.в. Од него истекува Караниколска Река.
Езерото е долго 590, а широко е 115 метри. Вкупниот обем му изнесува 675 m и има површина од 26.240 m². Длабоко е 5,60 метри. Се карактеризира со елипсовиден облик издолжен во правец од север кон југ, кој на источната страна има крива форма, а додека на западната е праволиниски. Има стрмни брегови. Езерото има многу подводни извори, кои се наредени најчесто еден до друг. Голем Ѓол нема притоки, туку својата вода ја добива исклучиво преку подводните извори. Највисок водостој езерото има во пролет.Водата е млака, но не се карактеризира со беспрекорна чистина поради загадувањата што ги прави добитокот. Сепак заради длабочината, езерото има темносина и зеленкаста боја. Според потеклото и настанокот Караниколичкото Езеро е циркно односно има ерозивно-циркно потекло, односно тоа е настанато во преиздлабениот дел на циркот каде што започнале да се движат планинските мразници, при што тоа е најголемото циркно езеро на Шар Планина.
Мал Ѓол (познато и како Мало или Горно Караниколичко Езеро) е второто езеро од трите кои го носат името Ѓол на Шар Планина. Тоа е мало ледничко езеро кое се наоѓа на Караниколскиот простор на 2.300 m надморска висина, непосредно веднаш на запад над Караниколичко Езеро во вдлабнатина (цирк) под врвовите Скарпа и Гури Шереметица. Басенот му е карпест и има крушковидна форма. Површината околу езерото е ливадеста. Долго е 115, а широко е 102 метри. Вкупниот обем му изнесува 313 m и има површина од 8.240 m². Длабоко е 0,80 метри. Се карактеризира со бистра вода, но на дното е матна. иако нема приливи, езерото никогаш не пресушува. Кога има голем водостој водата се одлива преку карпесто влабнатото корито.
Тура
(во подготовка)
Планинарски патеки во близина:
Велосипедски патеки во близина:
с. Бозовце – врв Скарпа (11 км)
врв Скарпа – врв Караникола (1 км)
- наведените опции се вклучени во GPS линкот