• Должина во правец: 14 км
  • Тежина: 8/10
  • Време на искачување: 4,5 часа
  • Искачување со деца: 5 часа
  • Висинска разлика: 1.350 м
  • Почетна точка:

    с. Бозовце

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Лешница – долина на Шар Планина. Се наоѓа во средишниот дел на Шар Планина во пределот на највисоките шарски врвови, помеѓу врвовите Среден Камен и Плат. На југозапад е оградена со највисокиот Титов Врв, додека на југоисток со вториот највисок врв Бакардан, на запад со Среден Камен и на исток со Плат, додека кон север е отворена и се спојува со долината на реката Пена, во нејзиното горно сливно и изворишно подрачје. Се дели на Долна Лешница на надморска височина од 1450 метри и Горна Лешница од 2221 метар надморска височина.

Се одликува со изразит алпски крајолик и карактер, со високи карпи, тревнати предели и густа зимзелена и букова шума, односно изобилува со иглолисна, букова и друга мешана шума, како и со богата ендемска флора и фауна која може да се најде само на ова место, особено до шумски плодови како боровинки, малини и разни видови билки и растенија. На карпестиот предел помеѓу Долна и Горна Лешница постои голем и повремен водопад, кој е особено силен во пролетниот и летниот период. До долината Лешница може да се стигне од Попова Шапка и тоа преку 2 правци: преку Јелак и врвот Плат или преку Церипашина, а исто така може да се пристапи по патеки кои водат од селото Бозовце.

Лешница е многу посетена од планинарите особено од алпинистите и од планинските трчачи кои на Лешница имаат организирано вертикална трка на 1 километар, односно 1000 метри висинска разлика. Над шумскиот предел на Лешница постојат неколку бачила, а низ самата долина протекува малата Лешничка Река, која е десна притока на Пена.

Извор: Wikipedia

Тура

(во подготовка)