• Должина во правец: 10 км
  • Тежина: 8/10
  • Време на искачување: 5 часа
  • Искачување со деца: 5,5 часа
  • Висинска разлика: 1.500 м
  • Почетна точка:

    с. Кишава

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Кишава е село сместено околу 20 километри јужно од Битола, на самиот јужен дел на Македонија, на само 3 км од границата со Општина Лерин во денешна Грција. Кишава се наоѓа на југозападниот дел на Пелагонија, најголемата котлина во Македонија. Селото е сместено јужно од полето, на источните падини на планината Баба. Достапно е само преку тесни планински патишта. Надморската висина на селото е приближно 860 метри. Низ центарот на селото тече Кишавска Река, која изобилува со вода во лето. Затоа на неа има и неколку воденици. Водата за пиење се добива од три чешми (Чешма Теѓас, Вилајетли и Елмази), од реката и бунарите (околу 12). Понатаму од селото избиваат следните послаби извори: Стани дичес, Гропе-буримит, Кладенец-маилит итн. Порано, на местото Стани дичес, на самата државна граница меѓу Македонија и Грција, постоеле влашки сточарски станови.

Постојат две тези за потеклото на името Кишава. Според една теза, поимот се однесува на влажен дол кој бил мокар и богат со вода, и веројатно се однесува на Кишавска Река која минува низ селото. Според другата теза, населбата претходно носела друго име, а денешното го добила од албанските доселеници, кои ја нарекле по затекнатата стара црква или манастир (на албански „киша“ значи црква).

Првиот пишан податок за Кишава датира од периодот меѓу XVI до XVIII век. Тогаш во селото живеело македонско население. Христијаните Петко и Дојчин по име наводно потекнувале од Кишава. Нешто подоцна, во 1804 година, се споменуваат луѓе „соколари“ во ова село.

И во околината на другите села, Граешница, Драгош се зборува дека во Кишава живеело христијанско македонско население. Тие постари жители подоцна се иселиле. На нивното место останала само црквата. Свештеникот по име Димитри од селото Описирино кај Лерин, говореше дека неговите предци водат потекло од Кишава. На почетокот на XIX век, почнале да се доселуваат и Албанци муслимани. Во XIX век, Кишава — село во Битолската каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“), од 1900 година, Кишава имало околу 700 жители, сите Арнаути муслимани.

Денес, Кишава е албанско село. Албанците доаѓале од јужна Албанија и затоа кажувале дека биле Тоски. Албанците во Кишава се разликуваат по говорот и другите особини од нивните сонародници во соседното Острец. Причината за тоа е што Албанците во Острец и Злокуќани се по потекло од северна Албанија (од групата Геги). Исто така, Албанците во Кишава етнолошки се поблиски со Албанците во Нижополе. Црквата на Македонците во Кишава, се наоѓала во денешната Вилает маала, десно од реката во дворот на Маличи Ракипов. Подоцна тоа било текија на Садик-баба. Во текијата на Садик-баба се наоѓал еден гроб и икона од Света Богородица. Во Кишава постои и џамија, изградена во XIX век. Пониско во селото се муслиманските гробишта.

Извор: Wikipedia

Тура

(во подготовка)

с. Кишава – Бојаџиев Врв (10 км)
с. Кишава – врв Шкамби и Рофес (8,5 км)
Бојаџиев Врв – врв Шкамби и Рофес (3 км)

  • наведените опции се вклучени во GPS линкот