Кара Тепе – врв на планината Плачковица со висина од 1.625 м. Врвот се издига во источниот дел од планината, каде што се и врвовите Лисец (1.754 м), Чупино Брдо (1.725 м) и Бел Камен (1.707 м). Просторот над кој се издига врвот е со високо обрасната шума. Најлесен правец за искачување на врвот е оној од селото Блатец, кој продолжува на југ по течението на реката Блатешница до Момин Преслап (1.514 м). Потоа, патот скршнува на југоисток и по неколку километри води до поднежјето на врвот, каде што е потребн да се направи промена на правецот низ шумест предел кон врвот.
Храмот Свети Пророк Илија, се наоѓа во селото Блатец, во Општина Виница и е парохиска црква на Блатечката парохија. Црквата претставува трикорабна базилика со рамни тавани. По форма и големина не се разликува од останатите цркви во регионот, кои се градени во средината на 19 век. Посебен впечаток оставт нејзините копаничарско обработените тавани, големиот крст на иконостасот и царските двери. Според натписот над влезот на северната страна се прдпоставува дека храмот е изграден во 1850 година, иако другите белези на храмот укажуваат дека е граден пред 1850. Кога и од кој архијереј е осветена нема податоци.
Црквата располага со 77 икони, од кои еден дел се работени од зографот Никола Михајлов од Крушево. Неговиот потпис се наоѓа на иконата Зачетие на Св. Ана. Другите икони се со ликот на Христос, Богородица, Св. Ѓорѓи, Св. Јован Претеча, Св. Никола и не утврдено од кој автор се. Според оригиналниот натпис иконописецот потекнува од Крушево. Историјата на црквата е опишана во сочувани белешки и во неколку стари книги кои се наоѓаат во црковната библиотека и кои сè уште се користат за одделни црковни празници.
Блатечкиот водопад се наоѓа на околу 300 метри јужно од село Блатец, општина Виница, по текот на Блатешка река во падините на Плачковица. Вопадот на Блатешка река кој е активен во текот на целата година е со висина од околу 5 метри, а под него е формирана када длабока над 1 метар. Вопадот е сместен во густа шума која нуди вистинско освежување и во летниот период.
Извор: Wikipedia
Тура
(во подготовка)
Планинарски патеки во близина:
Велосипедски патеки во близина: