• Должина во правец: 6 км
  • Тежина: 7/10
  • Време на искачување: 3 часа
  • Искачување со деца: 4 часа
  • Висинска разлика: 300 м
  • Почетна точка:

    Калаузлиски манастир / Баргала

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Света Петка – манастирска црква на Калаузлискиот манастир. Манастирската црква се наоѓа под штипското село Калаузлија, Македонија. Старата црква била изградена во XX век и била осветена на 5 мај 1989 година од страна на митрополитот Брегалнички г. Стефан. Во непосредна близина на старата црква бил поставен камен-темелник за нов храм на 4 август 2001 година, кој бил осветен од страна на митрополитот г. Агатангел.

Козјачка Река се наоѓа на планината Плачковица, настанувајќи кај селото Кучица, кога на едно место се влева непостојан водотек и реката Вртешка. Реката се влева во реката Брегалница кај селото Карбинци. Има сливно подрачје од 59,24 км2.

Баргала – древен град во Македонија, сместен во близината на Горни Козјак покрај Козјачка Река, оддалечен 12 километри североисточно од Штип. Античкиот град Баргала се наоѓа на 12 километри североисточно од Штип, во близината на Горни Козјак, крај Козјачка Река во подножјето на планината Плачковица. Наоѓалиштето, до кое води асфалтен пат, може да се посети и во вечерните часови, бидејќи тој е целосно осветлен. Името Баргала е од тракиско потекло, а неговото етимолошко потекло се врзува за реката Брегалница. Истражувањата во ова наоѓалиште за првпат се започнати во 1966 година, под раководство на Блага Алексова. Во седумдесеттите години на XX век, на наоѓалиштето работела југословенско-американска екипа и тогаш е откриена епископската базилика. Подоцна се извршени дополнителни ископувањата на Баргала под раководство на Заводот за заштита на спомениците на културата и Народен музеј од Штип. Досега е истражена само една десетина од целото наоѓалиште, бидејќи тој зафаќа површина од околу пет хектари. Античкиот град Баргала се спомнува во еден натпис од 371 година, пронајден во текот на Втората светска војна, кој претставува спомен-плоча за подигањето на градската порта од страна на Антониј Алипиј, управник на провинцијата. Плочата е најдена во месноста Ханче, на левата страна од реката Брегалница, во атарот на селото Карбинци. Овој археолошки споменик дава податоци за тоа каде се наоѓал градот, како и за проблемите на границата на Македонија со Тракија. Исто така, градот се спомнува во актите на Халкидонскиот собор од 415 година.

Кон крајот на IV век, градот служел како доцноримски воен логор (каструм), кој бил изграден како тврдина на граничниот појас меѓу провинциите Втора Македонија и Средоземна Дакија. Подоцна, градот бил разурнат, а жителите подигнале нов град крај Козјачка Река во близината на Горни Козјак. По губењето на стратешкото значење, Баргала прераснала во цивилно-епископски град. Во V и VI век, а особено во времето на Јустинијан I (527-565), градот го достигнал својот врв, но кон крајот на VI век, во неколку наврати, настрадал од аварско-словенските походи кои го треселе Балканот. Градот не бил потполно напуштен, меѓутоа опстојувал како неурбанизирана населба. Понатаму, во средниот век се оформила нова населба, чиј белег е црквата „Свети Ѓорги“, изградена кон крајот на втората половина на IX век. Околу црквата „Св. Ѓорги“ е откриена некропола која, според наодите, егзистирала почнувајќи од VII век.

Извор: Wikipedia

Тура

(во подготовка)

Баргала – Кањон Козјак (3 км)
Калаузлиски манастир – Кањон Козјак (2 км)

  • наведените опции се вклучени во GPS линкот