• Должина во правец: 9 км
  • Тежина: 8/10
  • Време на искачување: 4,5 часа
  • Искачување со деца: 5 часа
  • Висинска разлика: 1.400 м
  • Почетна точка:

    с. Мородвис

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Мородвис – село во Општина Зрновци, во околината на градот Кочани, кое што е прогласено за културно наследство на Македонија. Мородвис се наоѓа во источниот дел на Македонија, на 10 километри јужно од Кочани, сместено во Кочанската Котлина, поточно во подножјето на Плачковица, широко отворено кон реката Брегалница и Кочанското Поле. Низ селото тече Морошка Река.

Од формирањето во 969 односно 976 година, до згаснувањето во 1018, на Самуиловата држава, градот Мороздвизд се наоѓал во нејзин состав. За време на нејзиното постоење израснал во значаен воен и духовен град (центар) во Брегалничката област. По уништувањето на Самуиловата држава, една година подоцна, во 1019 година повторно се споменува градот Мороздвизд, но сега како епископски центар. Мороздвиздската епископија постоела и за време на српското владеење, но нејзината територија полека се смалувала и го губела значењето што го имала во Брегалничката област и пошироко.

Морозвизд или Мородвис (Моробиздон) – археолошко наоѓалиште во центарот на селото Мородвис, Општина Зрновци, месноста наречена Градиште или Црквиште. Претставува составен дел на стариот римски град Морозвизд (Моробиздон, Форомиздос, Форомендис). Овој град во средновековните пишани документи од XI и XII век се споменува како голем град и епископско седиште во Брегалничкиот регион.

Мородвишки платани – на локалитетот Мородвис евидентирани се 7 стебла Platanus Orientallis. Платановите стебла се одликуваат со различна возрасна структура и старост поголема од 100 години, а според некои записи дел од дрвјата се постари и од 500 години. Висината на стеблата се движи од 14-18м, а дебелината на стеблата на градна висина од 3.4 – 6.7м. Стеблата се распоредени во 3 групи од 2-3 стебла.

* Мородвишките платани се прогласени за споменик на природата во 1984 година.

Знаменитости:

– Морозвизд – археолошко наоѓалиште кое е прогласено за национално културно наследство;
– Гробјани Рид – средновековен објект и некропола;
– Градиште – утврдена населба;
– Црква „Св. Троица“ – главната селска црква, изградена и завршена во август 2014 година;[15]
– Црква „Св. Симеон Столпник“ – главна манастирска црква, изградена и осветена е во 1968 година, а во 2002 година била повторно обновена;
– Платанови стебла – прогласени за заштитено подрачје од категоријата Споменик на природата.

Извор: Wikipedia

Тура

(во подготовка)