• Должина во правец: 10 км
  • Тежина: 7/10
  • Време на искачување: 3 часа
  • Искачување со деца: 3,5 часа
  • Висинска разлика: 500 м
  • Почетна точка:

    с. Зрновци

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Клисура на Зрновска Река – клисура која се протега 12 км низ првата половина на течението на Зрновска Река во Кочанско, источна Македонија. Сместена е во северниот дел на планината Плачковица и ги одвојува ограноците Лисец (1.754 м) на исток и Туртел (1.689 м) на запад. Должината на клисурата, од с. Зрновци до долината на Ломија изнесува 7 км, а понатаму до месноста Ломија уште 5 км.

Страните на клисурата се високи 600-800 м. Клисурата е тектонски предиспонирана, доста стрмна, на некои места во вид на кањонска долина (особено пред вливот на Ломија), длабоко всечена во рифеј-камбриумски шкрилци. По тесното долинско дно е карпестото корито на Зрновска Река, со бројни брзаци и мали водопади. Водопадите, иако се мали и високи до 6 м, образувале големи и доста длабоки џиновски лонци или т.н. „вирови“. Највпечатлив вир е Девичин Вир, кој е со пречник од 8 до 10 м, длабочина до 4 м и образуван под Девичиниот Водопад висок околу 5 м. Од Девичин Вир до селото Зрновци, 5 км низводно, се поминува покрај неколку вакви „вирови“ (Колев Вир, Змијарнико, Суљов Вир), всечени во цврсти карпи. На некои места минувањето покрај нив е вистински предизвик. Горниот дел од долината на Зрновска Река со долината на Ломија поради пошуменоста и непристапноста остава впечаток на недопрена природа.

Извор: Wikipedia

Тура

(во подготовка)

с. Зрновци – Девичин Вир (8 км)

  • наведените опции се вклучени во GPS линкот