• Должина во правец: 7 км
  • Тежина: 7/10
  • Време на искачување: 4 часа
  • Искачување со деца: 4,5 часа
  • Висинска разлика: 900 м
  • Почетна точка:

    Езеро Козјак (R1106)

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Порече (Поречие, Поречје) – етногеографска област во западниот дел на Македонија, долж течението и целата долина на реката Треска од двете нејзини страни.

На север областа се граничи со Скопската Котлина, на исток со областа Азот и поширокиот велешки регион, на југоисток со Прилепското Поле, на југ со Крушевско, на југозапад со Кичевско и областа Копачка, а на северозапад се граничи со Полошката Котлина односно со Гостиварско и Тетовско. Од сите страни областа е заградена со планини и тоа, на север со Сува Планина (1.964 м), на запад со планините Сува Гора (1.857 м), Челоица (2.061 м) и Песјак (1.917 м), на југ со Бушева Планина (1.788 м) на која се наоѓа превалецот Барбарас кој ги двои Поречието и Прилепското Поле, а на исток е оградена со масивот на Мокра Планина (Солунска Глава) односно планините Даутица (2.178 м) и Караџица (2.473 м). Релјефно, целата област е котлина, односно ја опфаќа долината на реката Треска. Административно целата област е во составот на Општина Македонски Брод (од 1996 до 2004 година беше поделена помеѓу општините Македонски Брод и Самоков).

Тажево – село во Општина Македонски Брод, во областа Порече, во околината на градот Македонски Брод. Жителите на село Тажево биле населени од друго село, Попои Куќи, кое денес не постои. Тоа село постојано било напаѓано и ограбувано од Турците, па така еден ден група Турци почнале да го оргабуваат и им ја зеле цела стока, па месното население останало без ништо и било принудено да се пресели на друго место. Името на селото го добило по тоа што луѓето кога бегале од Попои Куќи и се населувале на друго место, многу тажеле, па од самите жители го нарекле – Тажево. (Според Марко Цепенков).

Културни и природни знаменитости:
Црква „Св. Илија“ – Тажево

Археолошки наоѓалишта:
Градиште – градиште од средниот век;
Брчка – населба и некропола од римско време;
Селиште – населба и црква од средниот век;

Извор: Wikipedia

Тура

(во подготовка)