• Должина во правец: 4 км
  • Тежина: 6/10
  • Време на искачување: 2 часа
  • Искачување со деца: 2,5 часа
  • Висинска разлика: 500 м
  • Почетна точка:

    с. Пелинце

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Пелинце – село во Општина Старо Нагоричане, во областа Козјачија, во околината на градот Куманово.

Населбата се наоѓа во областа Козјачија, во северниот дел на територијата на Општина Старо Нагоричане, во горното сливно подрачје на реката Пчиња, а чиј атар се допира со државната гранична линија со Србија. Селото е раштркано и има ридски карактер, чии маала се издигаат на надморска височина од 370 до 550 метри. Од градот Куманово селото е оддалечено 33 километри.

Пелинце е релативно големо село, кое се наоѓа во долината на реката Пчиња, како и на околните ридови. Околни села се: Враготурце, Карловце и Алгуња.Пелинце спаѓа во старите села во Кумановската област. Во него живеат родови кои не се доселени, а на неговиот атар се пронајдени разни урнатини од старо време. Во оваа населба, која во литературата е позната и како Пеленија, постоела црква „Св. Никола“, којашто била изградена во XIV век, а во XIX век веќе била во урнатини. До втората половина на XIX век, преку Пелинце водел стариот патен правец Солун-Штип-Врање-Белград, поради што во селото постоеле анови. Во XIX век, Пелинце било христијанско село во рамките на Кумановската каза на Отоманското Царство. До 1912 година, селото било подложно на напади од страна на Арбанаси од околните села. Најчесто им краделе стока, волови и коњи.

Цркви:
Црква „Св. Ѓорѓи“ — главна селска црква, сместена во маалото Златинци
Црква „Св. Никола“ — стара руинирана црква

Музеи:
Меморијален центар на АСНОМ — културно-историски и спортско-рекреативен центар посветен на Првото заседание на АСНОМ

Споменици:
Споменик од НОБ

Реки:
Пчиња

Извор: Wikipedia

Тура

(во подготовка)