• Должина во правец: 12,5 км
  • Тежина: 8/10
  • Време на искачување: 5 часа
  • Искачување со деца: 5,5 часа
  • Висинска разлика: 1.300 м
  • Почетна точка:

    с. Папрадиште

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Папрадиште – село во областа Азот, во Општина Чашка, во околината на градот Велес.

Селото се наоѓа во областа Азот, во западниот дел на територијата на Општина Чашка, во горното изворишно сливно подрачје на реката Бабуна, чиј атар високо се издига на јужната падина на Јакупица. Селото е планинско, на надморска височина од 960 метри.

Ова познато село лежи на надморска височина од 950 до 1000 метри на стрмна падина на планината Мокра во близина на пределот помеѓу Даутица и Јакупица кој во суштина го претставува долот на Чеплеска Река. Падината е свртена кон исток, а на нејзиното подножје се наоѓа коритото на Бабуна. Околни села се Нежилово, Капиново и Ореше. Иако е раселено, Папрадиште и денес е едно од најуредените и најнапредните села во Азот.

Папрадиште заедно со Ореше се единствените мијачки села во областа Азот и целиот велешки регион. Селото е создадено од Мијаци од селата Тресонче, Лазарополе, Гари, Галичник во Мијачијата во Западна Македонија кои овде се доселиле бегајќи од нападите на албанските качачки банди. Народното предание наведува дека порано на пространиот атар на денешното село Папрадиште постоеле три посебни села — старо Папрадиште или Ѕвезданово, Чеплес и Гарван. Ѕвезданово или Старо Папрадиште се наоѓало на местото на денешното Папрадиште, додека Чеплес и Гарван се наоѓале северозападно и северно во долот на Чеплеска Река, десна притока на Бабуна која што се влева во неа кај Нежилово. Тие се оддалечени по еден час одење пеш од денешното Папрадиште. Тие стари села пропаднале „во некој бозгунлок“ (т.е. бој, битка или борба). На селиштата Чеплес и Гарван се познавале остатоци од куќи, гробови и од една црква.

Перчулица или Беличка Планина – планина во централниот дел на Македонија и претставува дел од планинскиот масив Мокра (Јакупица). На планината Перчулица и припаѓаат централните и западните делови од овој широко распостранет масив. Перчулица е сместена помеѓу три големи планински ограноци (Караџица, Јакупица и Даутица), кои за разлика од Перчулица се многу повеќе познати и навлезени во литературата. На север од планинскиот огранок Караџица, Перчулица е одвоена со превојот Порта (2037 м) и Солунското Поле, на североисток и исток од Јакупица (Солунска Глава 2540 м), исто така е одвоена со Солунското Поле, а додека на југ постепено се снижува кон Даутица. Честопати, Перчулица е поврзувана и означена како дел од огранокот Даутица, но тоа е дискутабилно, бидејќи гребенот на Перчулица има разграничување со Даутица, нив ги одвојуваат превојот Плавник (2065 м), планинското зарамнување наречено „Горно Бачило“ и Крив Дол. Исто така, планината Перчулица е изразито повисока од планината Даутица и доминира во однос на пониската Даутица, а воедно гребенот на Перчулица во месноста Бабина Дупка постепено се спојува со гребените на Даутица и Јакупица.

Перчулица има еден главен гребен во должина од 5 км, кој се протега во правец северозапад – југоисток. Гребенот е составен од четири врва, кои се повисоки од 2300 метри, а меѓу нив највисок е врвот Перчулица (2423 м), кој е трет врв по височина на масивот Мокра Планина (Јакупица). Истиот врв, над околниот терен се издигнува во форма на “вулканска купа“, но во никој случај не се работи за вулкан бидејќи самиот врв е настанат под влијание на карстните и ледничките ерозивни процеси. На самиот врв има голема длабнатина во форма на цирковидна вртача, а по неа врвот е познат уште како Марина Дупка. Покрај овој врв, исто така познат е и врвот Бабина Дупка или Горна Бабина Дупка (2326 м), во чија близина поминува планинарската патека од Чеплес кон Солунска Глава.

Извор: Wikipedia

Тура

(во подготовка)