• Должина во правец: 11 км
  • Тежина: 8/10
  • Време на искачување: 4,5 часа
  • Искачување со деца: 5 часа
  • Висинска разлика: 1.500 м
  • Почетна точка:

    с. Бистрица

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Бистрица – село во областа Азот, во Општина Чашка, во околината на градот Велес. Името на селото првпат е споменато како „Бистрица“ во 1227 година. Името потекнува од хидронимиското име „бистар“ или „бистра“ и означува нешто што е брзо или чисто и прозрачно. Селото се наоѓа во областа Азот, во источниот дел на територијата на Општина Чашка, во горното сливно подрачје на реката Бабуна, односно од нејзината лева страна, а под југоисточната падина на планината Јакупица. Селото е ридско, на надморска височина од 640 метри. Од градот Велес, селото е оддалечено 42 километри.

Бистрица се наоѓа во близина на селото Богомила. Богато е со планински извори од кои извира ладна и чиста вода, а во долниот атар (како што го кажувале старите тамошни) се наоѓа реката Бабуна. Располага со голема географска површина од која голем процент е обработлив. Селото Бистрица е сместено на допирот на пространата сува зарамнетост од југ и падината на планинскиот гребен на Голешница од север. Бистрица е ридско село сместено на надморска височина од 640 метри. Наведената положба е поволна од економско-стопански причини: на зарамнетоста жителите одгледуваат суви култури како жито, тутун, винова лоза, додека гребенот на Голешница се користи за сточарство и шумарство.

Бистрица спаѓа во редот на стари села во областа на Бабуна. Тоа јасно се гледа од еден историски пишан документ кој датира помеѓу 1258 и 1277 година, каде што се наведува селото „Бистрица во Бабуна“. Селото Бистрица во пишаните историски извори повторно се споменува во 1300 година кога царот Милутин го потврдил како посед на познатиот манастир „Св. Ѓорѓи“ кај Скопје. За Бистрица постојат пишани податоци и од XV век, околу 1460 година, кога имала 54 куќи. Народното предание наведува дека порано околу Бистрица постоеле и други помали села: Глоговица на север, Липовица на исток, Улјанчиште на југозапад и Поп-Андин Дол на југ. Тие селца подоцна пропаднале затоа што нивните жители преминале во поголемото средишно село Бистрица. Тоа би можело да биде кон крајот на XVIII или почетокот на XIX век. На селиштата од тие села се познаваат остатоци од куќи, гробови ид-р Заради ова Бистрица се здобила со толку голем атар.

Археолошки наоѓалишта:
Липовица — населба од доцноантичко време.

Цркви:
Црква „Св. Ѓорѓи“ — постара гробјанска црква;
Црква „Успение на Пресвета Богородица“ — главната селска црква; и
Црква „Св. Петар и Павле“ — манастирска црква, започната со изградба во 2012 година.

Манастири:
Бистрички манастир — нов манастир над селото

Реки:
Бистричка Река — помала притока на реката Бабуна

Извор: Wikipedia

Тура

(во подготовка)

с. Бистрица – Бегови Вирови (8,5 км)
с. Бистрица – врв Кале (9,5 км)
врв Кале – врв Јелоарник (1,5 км)
врв Јелоарник – с. Горно Врановци (9 км)

  • наведените опции се вклучени во GPS линкот