• Должина во правец: 11 км
  • Тежина: 8/10
  • Време на искачување: 4,5 часа
  • Искачување со деца: 5 часа
  • Висинска разлика: 900 м
  • Почетна точка:

    с. Пантелеј

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Пантелеј се наоѓа 12 км северозападно од Кочани, на 766 м надморска височина. Населбата се наоѓа на спојот помеѓу ридскиот и планинскиот југозападен дел на Осоговските Планини.

Местото е богато со природни извори. Познати природни извори, кои од месното население се третираат како лековити се „Трештена вода“, која извира од карпа во местото викано Трештеник, потоа споменатата „Црна вода“ и исто така споменатата вода во манастирот Св. Пантелејмон. Подрачјето на Пантелеј е населено уште од железното време, за што сведочи наоѓалиштето Градиште на 4 км западно од селото.

Манастирот „Св. Пантелејмон“ и селото Пантелеј постоеле уште во времето на владеење на српскиот жупан Стефан Немања (1166-1196), но со поинаква местоположба од денешната. Старата населба Пантелеј (Нантеген) веројатно се наоѓала северозападно од денешната местоположба, во месноста Трештеник каде постојат ѕидини, остатоци од некогашните куќи. Во тој временски период во близина на населбата постоела црква, посветена на големиот лекар и великомаченик св. Пантелејмон.

Населбата и црквата опстанале доста време. Преживеале голем дел од османлиското владеење, па дури и периодот на владеење на султанот Селим I(1512-1520), кој пред крајот на своето владеење издал заповед, сите христијански храмови изградени од камен да се претворат во џамии, а на христијанското население да му биде дозволено правење на исклучиво храмови од дрвен материјал. Но, овој закон не бил спроведен од страна на отоманските власти, поради стравот од бунт на мнозинското христијанско население. Во 1519 година, населбата имала вкупно 11 семејства. Во 1570, населбата веќе имала 32 семејства, со некаде околу 160-180 жители.

Населението било доста приврзано за црквата св. Пантелејмон, каде што секоја година се организирал собир, но со уривањето на црквата од страна на властите на султанот Мехмед IV(1648-1687), народот со годините ја губел желбата повторно да се собира на местото на урнатата црква, поради тешката економска состојба. Преселбата од месноста Трештеник на денешната локација на Пантелеј започнала околу 1780-90 година, од претпоставка дека кај изворот Трештеник удрил гром, по што населението го сфатило како лош знак и затоа се иселило. Како и секоја населба, така и Пантелеј имало одреден христијански празник, кој населбата го празнувала на 2 Август, ден Илинден. Прославата населението ја организирало на местото Побиен Камен.

Св. Пантелејмон (Пантелејски манастир) – манастир во кочанското село Пантелеј. Му припаѓа на Кочанското архијерејско намесништво во Брегалничката епархија на МПЦ – ОА. Манастирот е сместен на половина километар северозападно од селото. Основан е во 1864 година. Компелсот се состои од две цркви. Во 1872 г. прво е изградена црквата „Успение на Пресвета Богородица“, а во 1885 г. е подигната денес главната манастирска црква „Св. Пантелејмон“ под водство на игуменот Мартиниј. Во 2020 година бил осветен параклисот во манастироскиот комплекс посветен на Св. Нектариј Егински и на Св. Серафим Саровски“.

Легенда: На Нејтана Дамева, млада девојка од ова село, која е родена слепа, на сон ѝ се прикажало место во близината, да појде таму, да копа и дека ќе најде извор, од чија вода ќе си ги измие очите и ќе прогледа. Утредента го прашала својот татко дали е тоа височинката каде што слушнала дека има sидови од разрушена црква и откако тој и потврдил, таа со помош на дрвен стап стигнала до сонуваното место. Веднаш почнала да копа со рацете, но извор немало. Минувачите, гледајќи ја како се мачи и не разбирајќи ја, и викале да престане да копа. Криејќи ја причината зошто си ги крвави рацете по урнатините, Нејтана упорно продолжила да копа. Но, извор и вода не пронашла. Очајна и преморена легнала тешко болна. На претсмртниот час, слепата девојка на селаните им кажала за својот сон, за лековитата вода што ја сонила и за желбата да прогледа. Малку после нејзината смрт бил пронајден изворот на Нејтана, кој брзо се расчул по својата лековитост. Таму почнале да се собираат луѓе што барале здравје за разни болести, раскажуваат најстарите пантелејци, она што го запаметиле од своите татковци и дедовци за тоа како и зошто почнал да се подига манастирот “Свети Пантелејмон”.

Според запишаните преданија, во шеесеттите години на XIX век двајца калуѓери од манастирот во Лесново, Кирил и Харалампија (нивните имиња, напишани на старословенски јазик, се наоѓаат на записот над влезната порта на помалата манастирска црква “Св. Богородица”), сониле ист сон за лековитиот извор, го нашле и решиле да останат да живеат крај водата што лекува и тука да изградат црква. Но османлиската власт ова не го дозволувала сè додека некој богат Турчин од Кочани не се излекувал од лековитиот извор и со своето влијание помогнал при обезбедувањето ферман за изградба на црква. Најпрвин, во 1872 година била подигната помалата црква “Св. Богородица” и неколку години подоцна и поголемата “Св. Пантелејмон”.

Извор: Wikipedia

Тура

(во подготовка)