Кратово – град во Североисточна Македонија, сместен во грлото на изгаснат вулкан. Претставува еден од најстарите градови во Македонија и на Балканот. Постојат повеќе примери за изворот на името на градот Кратово. Името Кратово доаѓа од местоположбата на градот, кој лежи на вулканска подлога, односно вулкански кратер. Според преданието, градот го добил името по зборовите „кират-ова“, по името на тврдината на бреговите на Кратовска Река, урната од Османлиите. Во времето на Византија, градот е наречен „Коритос“ или „Коритон“.
Подрачјето било населено уште во римско време. Градот бил познат како рударски град под името „Кратишкара“, кој ѝ припаѓал на римската провинција Дарданија. Во византиско време, Кратово е познато како „Коритос“ или „Коритон“, што ја објаснува и неговата местоположба, „корито во кое се наоѓа градот“. Како сведоштво за животот и значењето на Кратово во античкиот и средновековниот период како важно рударско средиште, се остатоците од рудниците и големиот број подземни тунели и премини кои ги поврзувале и од кои се ископувала и пренесувала рудата. Во времето на владеењето на Стефан Немања, во 1189 година, Кратово било присвоено кон Србија, под српска надвласт со градот властувал деспотот Јован Оливер. За постоењето на Кратово раскажувал Хомеровиот еп „Илијада“ во VI в.п.н.е. Како доказ служат и монетите од времето на Адолион Пајонски, крал кој владеел од 315 до 285 г.п.н.е. Во тоа време, градот тргувал со злато, сребро и бакар.
Кратово во средниот век бил познат по својата Кратовска книжевна школа, кои заедно со книжевното училиште на манастирот Св. Гаврил Лесновски биле особено активни од XII до XIV век. Во училиштата се препишувале стари книги и се пишувале нови текстови од црковна содржина, со што Кратово во раниот среден век станал културен центар.
Бабакарина Река е 4 км долга лева притока на Кратовска Река, која се влева во самиот град Кратово (на 610 м). Оваа мала рекичка извира под палеовулканската купа Буковец јужно од Кратово, на 1200 м надморска височина и до вливот се спушта низ стрмен терен составен од вулкански карпи со различна цврстина. Затоа, долж својот тек, рекичката изградила повеќе водопади. Од нив најинтересни се 5-те водопади кои се наоѓаат на самиот излез од Кратово кон с. Близанци, 1 км јужно од центарот на градот. Бидејќи во непосредна близина на водопадите минува асфалтниот пат за с. Близанци, тие се лесно воочливи од десната страна на патот, на оддалеченост од околу 200 м. Сепак, заради стрмниот терен и необезбедена патека, пристапноста до самите водопади е потешка.
Извор: Wikipedia
Тура
(во подготовка)
Планинарски патеки во близина:
Велосипедски патеки во близина: