Цера – село во Општина Македонска Каменица, во областа Осоговија, во околината на градот Македонска Каменица. Цера се наоѓа во областа Осоговија, во западниот дел на Општина Македонска Каменица, од десната страна на Каменичка Река. Селото е планинско и од разбиен тип, а неговите маала се издигаат на надморска височина од 780-1.100 м. Селскиот атар зафаќа површина од 27,9 км2. Од Македонска Каменица е оддалечено 14,5 км. Во Првата балканска војна, 9 лица од селото биле доброволци во Македонско-одринските доброволни чети. Во Втората балканска војна, крај селото се воделе борби меѓу бугарските и српските војски. Во XIX век, Цера било село во Малешевската каза на Отоманско Царство.
Археолошки наоѓалишта:
Еленец — населба од доцноантичко време;
Фрлавиште — населба од доцноантичко време.
Манастири:
Церски манастир – Еленец
Цркви:
Црква „Покров на Пресвета Богородица“ — манастирска црква.
Реки:
Црна Река
Споменици:
Спомен-костурница на неколку илјади загинати српски војници во Битката кај Цера во Втората балканска војна.
Церски манастир или Горноцерски манастир, но попознат како Еленец – манастир во источниот дел на Македонија, на планината Осогово, во Ѓергииска Маала на селото Цера. Манастирот потекнува уште од римско време. Во неговиот денешен облик бил изграден врз темелите на стариот објект во 1880 година. Манастирот е изграден покрај една карпа, на која во длабнатината имало икона пред која се палеле свеќите. Низ годините манастирот претрпел оштетувања и инвентарот во него застарел. Поради тоа, во текот на 2010-тите започнала негова реконструкција, а притоа била подобрена и инфраструктурата со изградба на асфалтен пат.
Извор: Wikipedia
Тура
(во подготовка)
Планинарски патеки во близина:
Велосипедски патеки во близина:
Церски Манастир – врв Китка (9 км)
врв Китка – Царев Врв (3 км)
- наведените опции се вклучени во GPS линкот