• Должина во правец: 7 км
  • Тежина: 7/10
  • Време на искачување: 3,5 часа
  • Искачување со деца: 4 часа
  • Висинска разлика: 900 м
  • Почетна точка:

    с. Кнежево

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Кнежево – село во североисточниот дел на Македонија, во Општина Кратово, во околината на градот Кратово. Селото се наоѓа на крајниот источен дел на територијата на Општина Кратово, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Крива Паланка. Селото е планинско, чии маала се издигаат на надморска височина од 1.050 до 1.440 метри, со што маалата се оддалечени и вертикално едно од друго. Од градот Кратово, селото е оддалечено 16 километри. До селото може да се дојде преку регионалниот пат 2232, кој води до браната на Кнежевското Езеро. Селото се наоѓа на падините на Осоговските Планини.

Кнежевско Езеро (познато и како Езеро Кнежево) – вештачко езеро во близина на кратовското село Кнежево, Македонија. Езерото влегува во групата на изградени акумулации. Браната на езерото е подигната на Злетовска Река. Акумулацијата се наоѓа во непосредна близина на Кнежево, сместено на голема надморска височина од 1.020 метри. Езерото е долго 3 километри, широко 150-200 метри и со најголема длабочина од 70 метри. Зафаќа површина од 0,8 км2. Самата околина на езерото е главно шумска и живописна. Над езерото се наоѓаат високите делови на Осоговските Планини, а низводно се наоѓа атрактивната клисура на Злетовска Река.

Извор: Wikipedia

Тура

(во подготовка)